Гордата мајка на малиот Кирил по породувањето: Ова е првата фотографија од синот на Кристијан Голубовиќ

Добивај вести на Viber

Кристина сега проговори и откри како се чувствуваат таа и бебето

Поранешниот риалити пар Кристијан Голубовиќ и Кристина Спалевиќ вчера го добија второто заедничко дете, синот на кого му го дадоа името Кирил.

Веднаш по породувањето, гордата мајка објави фотографија со наследникот, на која блескаше од среќа.

Кристина сега проговори и откри како се чувствуваат таа и бебето.

- Фала му на Бога, сѐ помина добро. Бебето е одлично, многу сме среќни и едвај чекам да бидеме сите заедно - изјави за „Ало“, Кристина која сѐ уште се опоравува од царскиот рез.

Инаку, Кристина и Кристијан веќе имаат еден син Константин, чиј прв роденден неодамна го прославија.

Да потсетиме, веднаш откако Кристина се породи, Кристијан објави дека сѐ поминало добро.

- Добив син! Кирил пристигна! Пресреќен сум, како да не бидам, трет син! - кажа тој.


Извор: espreso.co.rs