Гости кои можат да направат скандал на свадбата на Меган Маркл и принцот Хари
Уште откако кралското семејство јавно ја објави веридбата на принцот Хари со Меган Маркл, нејзиното семејство се обидува да дојде до повеќе медиумски публицитет.
Британските медиуми шпекулираат дека би можеле да приредат скандали за време на свадбата, а особено тоа важи за полусестрата на Меган, Саманта.
Саманта Грант, со која Меган има ист татко, постојано дава скандалозни интервјуа за медиумите, велејќи дека нејзината сестра би направила сè што е во нејзина моќ, а и повеќе од тоа, за да добие високо место во општествените кругови. Таа дури и најавува книга во која ќе открие детали за минатото на идната принцеза.
Маркл има и полубрат, кој е со проблематично однесување. Тој често вели дека „не е лесно да имаш проблеми, а сестра ти да се мажи со принц“. Томас Маркл има проблеми со алкохолот.
Татко ѝ негува ладни односи со идното семејство на ќерка си, па затоа и неговото присуство е неизвесно.