Грациозна на сцена, не издржа да не заплаче: Нина Бадриќ „се лекува“ во Скопје

Добивај вести на Viber

Нина Бадриќ кога и да дојде во Скопје на концерт ужива. Ужива таа, но ужива и публиката.

Пејачката со моќен глас, не штедеше емоции синоќа во преполната сала на Македонската филхармонија. 

Целосно предадена на публиката, во елегантна, раскошна црна тоалета, ги пееше новите но и стари хитови заедно со присутните.

„Скопје треба да се препише на рецепт. Вашата љубов ме лекува, поради неа сум жива.“ - изјави во еден момент на концертот Бадриќ, која за миг и не успеа да ги задржи солзите па им се препушти на емоциите.

Хрватската поп дива од Скопје замина опсипана со љубов, а така и заслужува, кога со харизмата знае да возврати на љубовта која публиката секогаш ѝ ја дава безгранично.

Ви пренесуваме дел од атмосферата преку галеријата подолу.



ФОТО: Женски магазин/ Вангел Тануровски