ГРАЃАНИТЕ МОРА ДА ЗНААТ: Како да ја препознаете озрачената храна?

Добивај вести на Viber

Изложувањето на храната со јонизирачко зрачење (гама зраци, Х зраци) е се почесто. 

Храната се третира со јонизирачко зрачење за да се уништат штетните бактерии, габите и паразитите, да се продолжи рокот на траење на овошјето и зеленчукот, да се стерилизираат одредени пакувања и за многу други намени. Важно е да се потенцира дека оваа храна не е радоактивна.

Третирањето на храната со јонизирачко зрачење овозможува уништување на микроорганизмите, бактериите, вирусите, инсектите и токсините. 

Веќе се третира месо, овошје, зеленчук, кикирики, лешници и уште што ли не.

За да се одобри третирањето на храната со јонизирачко зрачење потребно е да се  исполнети следните услови:

  • да има оправдана технолошка потреба,
  • да не претставува опасност за здравјето и се врши според предложени услови
  • да  e корисно за потрошувачот,
  • да не се употребува како надоместок за хигиенска и добра производна или земјоделска практика. 

Храната или состојките во храната третирани со јонизирачко зрачење треба да се означат со зборовите „третирана со јонизирачко зрачење“.


Повеќе на Фактор.мк