Гратис количина на омилените млечни производи на сите генерации!

Бимилк со новата кампања одговора на потребите на потрошувачите

Млечните производи се значаен дел од секојдневната исхрана, но многу поважно е тоа што со секојдневната консумација нѐ снабдуваат со најважните нутриенти. Млекото, јогуртот и киселото млеко нѐ снабдуваат со протеини, калциум, магнезиум, како и железо, јод, калиум и цинк кои се многу важни за организмот. Исто така се многу важен извор на аминокиселини. Сите овие состојки влијаат на дигестивното здравје и на воспоставување баланс во гастроинтестиналните процеси, но и значително помагаат во јакнење на имуниот одговор на организмот. Освен снабдувањето на нашиот организам со некои од најважните состојки за здрав и силен организам, кај млечните производи многу често вкусот е исто така пресуден за да сме толку приврзани и секој оброк да биде дополнет со млеко, јогурт или кисело млеко, во секаква комбинација. Заради ваквите придобивки млечните производи се омилениот дел од секојдневната исхрана и тоа за сите генерации.


Одличниот вкус и континуираниот квалитет на кисело-млечните производи од Бимилк се причина за токму тие да се најкупуваните и најбараните млечни производи и дел од секој оброк на повеќе генерации. 

Како одговор на зголемената потреба на граѓаните за млечни производи, особено во време кога куповната моќ е значително намалена, Бимилк ја создаде кампања „Повеќе омилен вкус“ со која што најпродаваните млечни производи сега се достапни во поголемо пакување, по истата цена како фамилијарните пакувања. Со кампањата се опфатени Битолски јогурт со плус 250г, Битолски густ јогурт со плус 250г, Баланс+ со дополнителни 250г и Битолско кисело млеко со плус 80 грама.

Кампањата „Повеќе омилен вкус“ е начин на  Бимилк да ги награди потрошувачите со она што навистина им е потребно во овој момент. Ова е активност на вистински општествено одговорна компанија и еден од начините да се покаже грижата за потрошувачите во време кога е најпотребна.

Оваа понуда може да се искористи со посета на најблиската продавница во која ќе го најдете омилениот вкус на јогурт и кисело млеко. Истата трае уште една недела, сѐ до потрошување на количините во маркетите.


*Пр објава