Штедењето за студии е влог во самостојноста на детето

Добивај вести на Viber

А ако сите го сакаме само најдоброто за сопствените деца, тогаш редно е да се запрашаме дали само со добра надеж и позитивни очекувања ќе завршиме работа.„Ќе бидеме ли способни да плаќаме за студирањето на нашето дете? Како навремено да ги обезбедиме потребните средства?“

А како што претходно разбравме, ќе ни биде потребна заштеда од околу 20.000 евра, што не е воопшто занемарлив износ.  Дури и детето самостојно да си обезбеди стипендија за покривање на трошоците за студирање, финансиската инјекција од родителите ќе му дојде добро за понатаму при плаќањето на учество за купување на сопствен стан или која и да е друга животна потреба.За иднината на нашето дете треба да се замислиме уште денес и да ги засукаме ракавите за постепено да ги обезбедиме потребните средства за покривање на сите студентски трошоци.

Акционен план за штедење

Без добро разработен план и стриктно придржување кон зацртаното, штедењето ќе остане само пуста желба. Добро е да се размисли и како заштедените пари постепено да се оплодуваат низ времето. Штедењето за студиите на детето не се прави од денес за утре, факторот време игра клучна улога во целата работа. Колку подолго е времето пред нас, толку е поголема и можноста за оплодување на уплатените пари, што на крајот може да ни резултира со драстично поголема заштеда. 

На пример, ако пред нас имаме 10 години или повеќе за постепено штедење, заштедените пари можеме редовно да ги вложуваме во инвестициски фонд и да очекуваме поголема заработка. Во инвестициски фонд може да се вложуваат и релативно ниски износи, а пристапот чекор по чекор нема значително да му пречи на домашниот буџет, за разлика од ситуација во која би требале да го платиме целиот износ наеднаш.

Дисциплината во однос на редовноста и истрајноста, на долг рок значат многу повеќе од висината на уплатата. А колку порано почнеме, толку помалку пари ќе треба да издвојуваме на месечно ниво за достигнување на посакуваниот износ – логиката е едноставна.  Па така, ако започнеме уште од првиот месец по раѓањето на детето, со просечна уплата од 50 евра месечно до неговата осумнаесетта година, за очекување е да ја надминеме границата од 20.000 евра. А за тоа време сме уплатиле само половина од заштедените пари. Идејата ви звучи добро, но не знаете како точно оди целата постапка?

За постепено вложување во инвестициски фонд постојат специјално подготвени продукти кои се нарекуваат програмирани планови. Нивните предности се многубројни, како во однос на достапноста, така и во однос на ниските трошоци за активација, помалиот ризик од вложувањето и можностите за поголема заработка.

На вас останува да донесете цврста одлука, а најдобрата гаранција дека истата ќе ја почитувате е да си активирате траен налог кој редовно, секој месец, ќе задржува пари од вашата трансакциска сметка и ќе ги префрла на сметката на инвестицискиот фонд во кој ги вложувате парите за факултетското образование на вашето дете.

Патот до успехот може да ви се чини долг, но ќе се изненадите колку брзо летаат годините и колку брзо дошло времето за запишување на факултет. Финансиската помошза студирањене е гаранција за доживотна безгрижност, но стартнатаподдршка ќе му даде голема предност на вашето дете на почетокот од патувањето наречено самостоен живот.

„Бидете одговорни кон сопствените деца! Напишете ја родителската домашна задача навреме.“

м-р Маријан Николовски

Директор за односи со вложувачите во КД Фондови АД Скопје