Ланговска Хајредин и Аврамовска од Преплет: Најубавото нешто кај виртуелната продавница е што можеш да ја водиш секаде со себе

Добивај вести на Viber

Преплет е креативно студио основано во 2013 година со цел да биде оптимистичко и инспиративно место кое ќе нè потсетува дека малите работи го прават моментот голем.  Во Преплет може да се најдат најразновидни дизајнирани производи, додатоци за домот и уште многу други мали детали кои ги размрдаат позитивните мисли на луѓето.

Она што го прави Преплет уникатен и препознатлив се позитивните мисли испишани на македонски јазик и кирилица, кои прават секој да може да се поврзе со одреден момент и ситуацијаво животот и да ги доживее на свој индивидуален начин. Ова студио е креатор на над илјада уникатни пораки и фрази и има изработено повеќе од 10 колекции составени од специјално дизајнирани производи како: постери, шолји, нотеси, тефтери, перничиња, тематски комплети, торби, лампи и други персонализирани детали.


Уникатноста на ова место е и во тоа што ги следи современите трендови и се прилагодува на условите кои ги диктира моментална ситуација. Па така, Преплет преку својата електронска продавница е достапен и онлајн каде има можност нивните производи да се нарачаат по електронски пат. На тој начин, во услови на пандемија на коронавирус, преку онлајн нарачка и подарување на еден од нивните производи со позитивна порака имате можност да ги разубавите деновите на изолација на некој свој близок, не ставајќи го своето здравје во ризик.


Во водењето на својата онлајн продавница, Преплет како свој верен долгогодишен партнер ја имаат Халкбанк. Преку E-commerce услугата на Халкбанк производите на Преплет се подостапни и поатрактивни бидејќи клиентите добиваат производ што сами ќе го нарачаат од веб продавницата и истиот ќе биде испратен до нивниот дом, работно место или каде што тие ќе посакаат.

За придобивките од водењето на е-продавницата, алатките кои го олеснуваат онлајн бизнисот, како и за соработката со Халкбанк разговаравме со Викторија ЛанговскаХајредин и Магдалена Аврамовска, основачи на Преплет.

1.  Се сеќавате ли на првата зделка преку вашата веб-платформа? Дали го прославивте тој момент?

На првиот производ купен од нашата веб страна точно не се сеќаваме, меѓутоа сме 99% сигурни дека тоа било постер со порака врамена во рамка, затоа што тоа е еден од најпродаваните производи од самото постоење на нашето студио.

2.  Кои се 3 клучни елементи за развој на успешен е-бизнис?

Од нашето досегашно искуство во е-трговијата како клучни предуслови за водење на е-бизинс би ги издвоиле: лесниот пристап до производот, редовната залиха на производите и јасната комуникација со клиентите. Комбинацијата на овие три елементи го прави вашиот е-бизнис препознатлив кај јавноста и ви гарантира напредок во истиот.

3.  Кои се најубавите моменти кои доаѓаат со водење е-бизнис? Кои се предностите?

Предности има многу, но, најубавото е тоа што својата виртуелна продавница можеш да ја водиш секаде со себе, да ја реновираш во било кое време и да работиш од било кое место на светот. Едноставно имаш повеќе можности за побрза и поекономична реализација на идеи за разлика од физичката продавница. Исто така, производите се подостапни до купувачите што ги прави и поатрактивни.

4.  Која е алатката/услугата која ви го олеснува бизнисот?

Социјалните мрежи се дефинитивно алатка која што ни олеснува во сите промоции којшто ги правиме на нашата онлајн продавница. Социјалните мрежи го прават вашиот бизнис видлив, особено кога имате производи со силни позитивни пораки кои допираат до луѓето и во кои можат да се пронајдат себеси.

5.  Кога би требало да ни раскажете само една кратка приказна поврзана со вашиот бизнис која би била таа?

Приказните коишто нашите клиенти сакаат да ги напишеме на честитките се дефинитивно најинтересните и нашите омилени приказни. Особено оние кога луѓето имаат замисла да бидат со цел реферат за некого којшто сакаат да го изненадат. Таму се искрените чувства и побуди, а тоа ја прави приказната топла и интересна.

6.  Дали имате направено онлајн нарачка и чекате да ви ја достават? Што би порачале во овој момент?

Живееме во времиња кои се многу стресни и кои нѐ погодуваат сите нас, токму затоа услугата која што би ја нарачале во моментов онлајн е дефинитивно подарок, изненадување за некој наш близок, па дури и да нема повод.

7.  Кои се во моментов вашите омилени услуги кои ги нудат останатите е-бизниси?

Омилена услуга којашто сѐ уште не можеме да ја користиме кај нас е Instagram Shopping услугата, онаа која со таг ја покажува цената и името на производот, и директно те носи на страната на компанијата. Услуга која е исклучително корисна и која се надеваме дека наскоро ќе стане достапна и кај нас.

8.  Како Халкбанк се вклопи во вашата приказна?

Халкбанк е наш партнер уште од самото отворање на нашето студио и како одлични соработници воопшто не се сомневавме повторно да ги контактираме и кога ја отворавме нашата онлајн продавница. Халкбанк секогаш нè поддржувале и ни помагале, а и само со взаемна упорност постигнуваме големи резултати.