„Халкбанк“ и „Литера“ го прославија Светскиот ден на литературата за деца со приказни, смеа и радост во градинката „Пролет“

Добивај вести на Viber

Во чест на Светскиот ден на литературата за деца, „Халкбанк“, во соработка со Меѓународниот фестивал за деца „Литера“, ги посети дечињата во градинката „Пролет“ носејќи им ја магијата на приказните.

Во убавата атмосфера на празничниот ден, маскотата Халки ги израдува децата со неверојатни халки пакетчиња, пренесувајќи го духот на добрата приказна и читањето.


Настојувајќи да ги поттикнеме децата на читање и развивање на креативноста, авторката Александра Тодоровиќ им пренесе една особено весела и инспиративна приказна за Халки. Со многу радост и забава, децата се препознаваа во ликовите и одлетаа на крилјата на фантазијата.


„Во ‘Халкбанк’ сме длабоко посветени на развојот и образованието на децата. Ние веруваме дека секое дете има право на пристап до квалитетно образование и до книги кои носат насмевки на лицата. Со ваквите иницијативи, продолжуваме да ги ослободуваме потенцијалите на децата и да создаваме подобра иднина за нив“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор за корпоративни и маркетинг-комуникации во „Халкбанк“ АД Скопје.

Оваа инспиративна заедничка акција на „Халкбанк“ и Фестивалот „Литера“ има за цел да ги охрабри малите читатели да истражуваат и да се подготват за предизвиците на светот со најважната алатка – книгите.


Преку различни кампањи и проекти, „Халкбанк“, заедно со маскотата Халки, им носи радост и среќа  на децата воведувајќи ги во светот на финансиите и личната одговорност на начин кој е прифатлив и забавен за нив.

Слончето Халки, како симбол на детското штедење, е дел од голем број општествено одговорни проекти на „Халкбанк“. Преку различни настани, работилници и програми, децата учат важни теми како што се здрава животна средина, прифаќање и креативно изразување. Халки е омилен другар на малите, но и на големите деца, поддржувајќи ги во нивните авантури и во развивање на талентите.


*Пр објава