ХалкЕко Скопје трча 10км по седми пат низ улиците на Скопје

Добивај вести на Viber

Трката која се здоби со сертификат од Светска атлетика и АИМС, ХалкЕко Скопје трча 10км, утрово се одржа по седми пат. Околу 1500 натпреварувачи ја започнаа трката од фонтаната „Лотос“ и на истото место ја завршија оваа десеткилометарска трка.

ХалкЕко Скопје трча 10км е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, ко-организатори се Триатлон федерација на Македонија и А.К. Работнички, под покровителство на Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Насловен спонзор на трката е Халкбанк АД Скопје.

Победник во машка конкуренција на седмото издание на оваа трка е ДариоИвановски со време од 30:22 минути, на второто место се најде Тирон Мамуша од Албанија за 32:29 минути, додека трката трет ја заврши Иван Пешовски за 32:53 минути.

Кај дамите целта прва ја помина Билсерин Сулејман од Бугарија за време од 36:58 минути, второто место и припадна на Биљана Кираџиева од Србија за време од 38:54 минути, додека пиедесталот го надополни Маринела Цекова од Бугарија која ја зврши трката како третопласирана за 40:30 минути.

„Од локална трка која започна пред 7 години, ХалкЕко Скопје трка 10км прерасна во меѓународна трка. Оваа трка е втората трка во Македонија која е светски признаена од АИМС и Светска атлетика. Секоја година се зголемува бројот на учесници на оваа трка, што докажува дека нашите граѓани го сакаат трчањето и здравиот начин на живот. Во оваа прилика сакам да им честитам на победниците и ги поздравувам сите кои учествуваа на седмото издание на ХалкЕко Скопје трча 10км“- изјави Гордана Николовка од Сојузот на спортови на Скопје.

Оваа трка, како и сите останати трки кои се под палката на Сојузот на спортови на Скопје се мотивација за сите учесници, кои го даваат својот максимум, да продолжат со тренирање, вежбање и одржување на здрави и спортски навики.

пр објава