Halloween во Скопје Сити Мол
Halloween или „Ноќта на вештерките“ е празник кој се слави секоја година на 31 октомври и се прославува речиси низ целиот свет, a Skopje City Mall оваа година има супер забава за деца!
Оваа година Скопје Сити Мол повторно организира неколкудневен детски настан за сите љубители на „стравот”. Страшната Вештерка ќе раскажува морничави приказни, најмалите креативно ќе се изразуваат на тема „страв”, Дракула бар со страшни коктели и ќе ја тестираат својата храброст во „кабината на стравот”.
Празникот влече свои корени од Келтите од Ирска, уште од петтиот век п.н.е. бидејќи за нив 1 ноември означувал почеток на новата година. Келтите верувале дека во текот на таа ноќ мртвите ги напуштаат своите гробови и шетаат по Земјата, а за да го избегнат соочувањето со нив, луѓето правеле голема бучава и се прекривале со застрашувачки маски. Иако сè до 19. век, кога обичајот на прославување на Ноќта на вештерките стигнал во Америка, тој ден веќе се одбележувал во разни други земји, со стапнувањето на американско тло стигнала и комерцијализацијата на празникот и негова глобализација.
Денес Ноќта на вештерките ширум светот се одбележува со организнирање на големи забави со маски, а многу луѓе се натпреваруваат и во тоа кој поубаво ќе го издекорира својот двор и дом во духот на овој ден.
Во овој забавен период Скопје сити мол на фамилиите ќе им понуди уникатна по програма, составена од „Страшната Вештерката“ која ќе раскажува морничави приказни од кои крвта ќе Ви се заледи, за најхрабрите тест за Вашата храброст во „кабината на стравот“, а за оние кои сакаат да се шетаат со страшна филмска шминка ќе имаат можност да бидат нашминкани од професионален филмски шминкер . Дополнително ќе има Scary Face Paint и балони во страшни форми за најмалите. Креативните работилници се наменети за сите кои ќе сакаат креативно да се изразат на тема “страв“, тикви, маски, пајаци и лилјаци се само дел од декорацијата која најмалите ќе можат да ја направат за време на овие работилници.
Halloween забавата за целото семејство е овој викенд, од 24-31 октомври во Скопје Сити Мол.