Хари и Меган наместо подароци за свадба бараат донации за организации
Принцот Хари и Меган Маркл ги замолија сите кои сакаат да им испратат свадбени подароци за венчавката на 19 мај да размислат за донација на една од неколкуте одбрани добротворни организации.
Меѓу нив се помош на жените во сиромашни срeдини, ХИВ, бездомништво и животна средина.
Седумте одбрани организации „работат на голем број прашања кои им се исклучително важни на нив двајца“, се наведува во соопштението од Палатата.
„Многу од нив се мали добротворни организации, а двојката е задоволна што може да ја засили светлината на нивната работа”- стои во изјавата.
Аманда Вилијамс, претседателка на Детската асоцијација за ХИВ, вели дека е „воодушевена и почестена што нивната асоцијација била меѓу избраните од кралската двојка“.
Пред нивната венчавка во 2011 година, и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, исто така, побараа добротворни донации место свадбени подароци. Јавноста ќе може да донира преку посебен веб-сајт.