Хари ме побара за жена кога печевме кокошка: Љубовната приказна на принцот и Меган

Принцот Хари во интревју за Би Би Си во една прилика откри дека со Меган му се случило речиси љубов на прв поглед, дека се вљубил неверојатно брзо. Се запознале преку заедничка пријателка, а по само три состаноци одлучиле заедно да го поминат одморот во Боцвана. Заедно во јавност првпат се појавија во септември 2017 година во Торонто. Позирајќи им на медиумите во градината на Кенсингтонската палата со својот тогашен сврешник, Меган на медиумите горделиво им го покажуваше прстенот со три дијаманти кој го дизајнирал самиот Хари. Средниот дијамант е од Боцвана, а двата помали од страните потекнуваат од колекцијата на неговата покојна мајка Диана. 

„Мајка ми сигурно би била пресреќна да не види заедно. Затоа и сакав на некој начин и да биде и таа со нас на ова лудо животно патување“, искрен е принцот, кој поради својот малку бунтовен стил е еден од најпопуларните членови на кралското семејство. 

„Иако не ми беше судено да ја запознаам мајката на Хари, важно ми е да знам дека и таа е дел од сето ова“, рекла убавата Меган за Би Би Си.

„Хари ме побара за жена во еден оригинален момент. Кога заедно печевме кокошка“, додаде Меган во истото интревју. 

Актерката раскажала и дека принцот ја запросил во момент кога заедно печеле кокошка. Иако многу фанови очекувале дека убавата Меган и понатаму ќе ја гледаат на филмското платно, идната војвотка објави дека повеќе нема да се занимава со глума и дека веројатно ќе и се посвети на хуманитарната работа.