ХИДРАНТИ НЕМА, ЦРЕВАТА НИ ГИ КРАДАТ, ПА МОРА ДА ГИ ЧУВАМЕ ЗАКЛУЧЕНИ: Не дај боже во зграда да избие пожар, пола ден ќе се бара каде е клучот

Траорниот пожар кој земјава ја доведе на ниво на национална катастрофа, а уништи еден објект, но ја зацрни цела држава, ги отвори прашањата кои се рак рана за општеството.
Откако во јавноста осамна информацијата дека клубот Пулс едвај и да имал некој пп апарат за да се гаси пожарот, а и од видео снимките можеше да се види едно момче кое се обидуваше да ги заузда пламените јазици, се отвори прашањето за хидрантите во станбените објекти ширум земјава.
Состојбата е безмалку еднаква на катастрофа. Голем број згради воопшто немаат никаква пп заштита, а оние што имаат хидранти во самите згради, принудени се да ги чуваат цревата во заеднички простории под клуч. За парадоксот да биде поголем, клучот вообичаено е кај еден човек, кој, ако не дај боже избие пожар, станарите ќе треба да го бараат за да им отклучи за да го земат цревото од хидрантот.
Велат дека мораат така, оти им ги крадат цревата.
„Се додека не се случи пожарот, не ни знаев дали воопшто имаме пп заштита. Сега кога прашав, ми беше кажано дека хидрантни приклучоци имаме, но дека цревата се чуваат заклучени во заедничката просторија во подрумот, затоа што некој постојано ги краде, па заклучувањето делувало како најдобро решение. Не ми е јасно само, ако избие пожар, а човекот што го има клучот не е во моментот дома, како ние ќе дојдеме до тој клуч“, вели Лилјана Т.
Повеќе за информацијата прочитајте на ФАКТОР.