Срце лавовско: Ова момче херојски спасуваше другари во страшниот пожар во Кочани

Андреј Трајчов - член на штипскиот борбен клуб Балканец, херојски постапи за време на страшната трагедија што се случи во Кочани кобниот 16-ти март.
Младиот спортист ги спасил своите пријатели од запалена дискотека.
- До мене е познат спортист, борач кој сонува еден ден да стане пожарникар. Овој млад човек има срце на херој, без страв и двоумење се борел со пламените јазици во дискотека во Кочани, спасувајќи ги животите на своите пријатели - напиша на социјалните мрежи Тони Горгијев, пожарникар од Штип, додавајќи:
- Браво момче, малку се како тебе! Верувам дека еден ден ќе работиш како пожарникар, и достојно ќе ме замениш. Она што го посакуваш искрено од срце, еден ден ќе ти се исполни!
За потсетување, 59 лица загинаа, а над 155 се повредени во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16 март околу три часот по полноќ.