Hisense телевизорите доминираат на пазарот
Според последните податоци кои ги објави агенцијата за истражување на пазарот Omdia, за вториот квартал од оваа година Hisense телевизорите го зазедоа второто место кога станува збор за испорака на телевизори на глобално ниво. Исто така, во извештајот е забележлив тренд на намалување, но и покрај сето тоа, Hisense забележа раст, благодарение на што ја постигна оваа импресивна позиција.
Компанијата нагласува дека овој успех не е случајност, туку одраз на нивната техничка сила, способност на брендот и постојана иновација.
„Очекуваме нашите глобални испораки да надминат 20 милиони единици до крајот на 2022 година и исто така го продолжуваме нашиот одржлив раст трета година по ред. Овој извештај докажува дека клиентите ширум светот ја препознаваат нашата посветеност и нѐ поддржуваат во нашата мисија да ја направиме иновативната, висококвалитетна технологија достапна за секого“, велат од компанијата.
Пандемијата на корона вирусот доведе до зголемена употреба на телевизорите во секојдневниот живот. Компанијата Hisense ја следеше растечката побарувачка на пазарот, а моделите со големи екрани беа апсолутен фаворит на купувачите ширум светот.
Најновите бројки за продажба се само една во низата добри вести за кинескиот гигант Hisense.
Hisense неодамна беше прогласен за најдобар производител во областа на апарати за домаќинство и шеста година по ред е меѓу првите 10 водечки кинески брендови.
И покрај промените во глобалната потрошувачка на клима уредите, овој кинески технолошки гигант продолжува да ги следи трендовите и вредностите кои доминираат на пазарот.
Hisense оваа година беше и горд официјален спонзор на FIFA World Cup Qatar 2022™. Благодарение на специјалната технологија на Hisense ULED телевизорите, навистина ќе можете да ги внесете фудбалските ѕвезди во вашата дневна соба. Откако ќе се навикнете на спортскиот режим и на сите предности на Hisense ULED телевизорите, тешко дека ќе сакате нешто друго.
Повеќе информации на mk.hisense.com.
ПР објава