Хит: Цеца Ражнатовиќ се пофали дека примила вакцина, а Филип Краиновиќ и возврати вака

Смешно!

Цеца Ражнатовиќ вчера се пофали дека примила вакцина против ковид-19 и по тој повод зборуваше пред медиумите и ги повика сите жители на Србија да го сторат истото. Цеца ја избра кинеската вакцина, како и нејзината ќерка Анастасија, па по вакцинацијата се обрати и преку Инстаграм.

Заедно да го победиме ковид-19 - напиша Цеца, а бројни јавни личности се огласија и ја поддржаа во коментарите. Меѓу нив е и тенисерот Филип Краиновиќ.

„Ајде да одиме“, напиша тој.

- Кога ќе одиш? - го праша Цеца, а Филип и одговори:

- Доцниш! Утре добивам ревакцинација.

- Ах, честитки! Се извинувам за јавната прозивка - напиша Ражнатовиќ и стави емотикон кој се удира на главата.

- Сè ти е дозволено - одговори тенисерот и и испрати срце на пејачката, и таа му врати.

Фото: Инстгарам