ХОЛАНДИЈА НЕ Е ЗЕМЈА НА ЛАЛИЊАТА: Кој го тврди ова и направи најголем ќилим од цвеќиња?

Добивај вести на Viber

На плоштадот Султан Ахмет  во Истанбул расцвета рекордно голем ќилим, составен од стотици илјади лалиња кои секоја година се садат со цел да се потсети на освојувањето на Констатинопол од страна на Османлиите.

565.000 лалиња има на површина од 1.740 метри квадратни. Бројката 565 ги симболизира 565-те години од 1453-та, кога Османлиите го освоиле Константинопол, денешен Истанбул.

Ова е досега најголемиот „ќилим од лалиња“ во светот.

Лалињата потекнуваат од источна Турција и од степите во Централна Азија, каде што овој цвет, според верувањето, е првпат култивиран од Османлиите. Турците денес сакаат да пратат порака дека всушност Турција е „земја на лалињата“, а не Холандија.

Турција и Холандија веќе не спорат за тоа која земја е прататковината на нежниот цвет. Истанбулскиот Фестивал на лалињата во 2013. беше посветен на 400-годишнината од воспоставувањето билатерални односи меѓу двете земји.

Вакви големи површини со лалиња има и во Холандија.