Холивудскиот гламур на Нина Ангеловска: Елегантен црн фустан со висок шлиц и бисери како Одри Хепберн
Поранешната министерка за финансии на државата Нина Ангеловска, сега успешна бизнисменка секогаш изгледа одлично на нејзините јавни појавувања.
Младата дама холивудксиот гламур го донесе на црвениот тепих на настан во Скопје, на кој со нејзиниот сопруг Виктор, беа складно облечени и на висина на задачата.
Нина одбрала црн долг фустан со виок шлиц на кој има карнер, додека горниот дел фустанот е со корсет во вид на срце. Изгледот Нина го дополнила со црни ракавици и модни аксесоари- бисери на вратот и раката и нежни минималистички обетки.
Нејзиниот сопруг одбрал костум со црна основа и бели суптилни линии и бела кошула.
Минатата година на Велигден, Виктор ја запроси Нина, а во јули направија свадбена свеченост во познат скопски хотел, а на свадбата присуствуваа личности од јавната и политичката фела.
Фото: Инстаграм