Животна училница // Приказни
Храбра и полна со мотивација: Нека се множат убавите мигови, наша Ана
- 23 Јануари, 2019
Денеска е убав ден, среќен ден, на нашата Ана Бунтеска и е роденден. Заедно другаруваме од првиот ден, пишуваме стихови, поместуваме граници со борбеност, секој понеделник муабетиме на табу теми.
„Најхрабрите работи за жена се, да се сака себеси, да биде своја и да сјае низ сите што никогаш не веруваа дека може.“
Таква е нашата Ана, силна и храбра, жена борец со мотивација за секој нов ден, ништо помалку убав од овој, нејзиниот роденден.
Нека се множат убавите мигови. Искрено, твој Женски Магазин.