Хрватите им ги „крадат“ сезонците на Црногорците, Македонците заминуваат во земји со повисоки плати

Добивај вести на Viber

Веќе неколку години, Хрватите им ги „крадат“ сезонците на Црногорците. Повеќето од македонските посредници кои во 2016, 2017, 2018 и 2019 година регрутирале работници за работа во Црна Гора, било да е за градежништво или работа во туризам, повеќе не го прават тоа. Велат дека македонските работници заминуваат во земји каде има повисоки плати, односно ако треба да бираат меѓу Црна Гора и Хрватска, ја бираат Хрватска или пак заминуваат во Германија. Според нив, Црна Гора ја губи трката во таа борбата за обезбедување сезонци.

„Платите си диктираат каква ќе биде состојбата на пазарот на труд. Ние поодамна носевме работници во Црна Гора, кога имаше наплив на руски капитал и се градеше многу во градовите на море. Сега не следиме што се случува таму, но мислам дека работите се сменија. Точно е дека Хрватите ги „крадат“ работниците на Црногорците, но и на нас Македонците ни ги „крадат“, затоа што и овде фалат градежници“, велат од скопска фирма. Повеќе на Фактор.мк


Фото: фреепик