„Хуавеи“: Ќе продолжиме да градиме сигурен и одржлив софтверски екосистем
Huawei направи значителен придонес во развојот на Андроид низ целиот свет. Од таа компанија велат дека како еден од клучните глобални партнери на Андроид, ќе продолжат да го развиваат екосистемот во корист на потрошувачите и на целата индустрија.
„Како еден од клучните глобални партнери на Андроид, ние тесно соработуваме со платформата со отворен код, развивајќи го екосистемот во корист на потрошувачите и на целата индустрија.
Huawei ќе продолжи да ги обезбедува своите корисници со најновите надградби за безбедноста на софтверот, како и сите услуги поврзани со постпродажната услуга на постоечките Huawei и Honor производи на пазарот. Вклучувајќи паметни телефони и таблети што веќе се купени од крајните корисници, но исто така и оние кои сè уште се достапни на глобалните пазари. Ние ќе продолжиме да градиме сигурен и одржлив софтверски екосистем, кој ќе им го овозможи најдоброто искуство на потрошувачите и нашите клиенти ширум светот“, соопштуваат од таа компанија.
Имено од „Гугл“ посочуваат дека безбедносните функции на Google Play и Google Play Protect ќе продолжат да работат на постоечките Huawei уреди.
"Ние во моментот ги исполнуваме барањата и ги согледуваме последиците од тоа. За корисниците на нашите услуги, безбедносните функции на Google Play и Google Play Protect ќе продолжат да работат на постоечките Huawei уреди."
Во врска со прашањата како Huawei ќе одговори на најновата акција на американската влада посочуваат:
„Ве уверуваме дека додека ги почитуваме барањата на американската државна администрација, услугите како што се Google Play и Google Play Protect ќе продолжат да работат на постоечките Huawei уреди.