Huawei го претстави извештајот за одржлив развој за 2018 година со фокус на дигиталната инклузија
Huawei го претстави годишниот извештај за одржлив развој за 2018 година, кој е 11-ти извештај на компанијата. Тој содржи четирите насоки за одржлив развој - интегрирање на повеќе луѓе во дигитални технологии, безбедност и сигурност, заштита на животната средина и здрав и хармоничен екосистем.
Последнава година Huawei работи заедно со ОН за постигнување на целите на светската организација за одржлив развој, а Huawei си постави за цел остварување одржливи врски со своите партнери од индустријата и создавање на инклузивен екосистем.
На официјалниот настан за презентација на извештајот Лианг Хуа, еден од претседателите на Huawei, изјави: „Huawei дава додадена вредност на своите корисници преку иновации на компанијата. Се трудиме да помогнеме во дигиталното и глобалното поврзување. Сакаме да обезбедиме попристапни дигитални услуги за сите и еднаков пристап. За нас е важно да придонесеме за целокупниот социјален и економски развој “.
Заштитата на животната средина е клучен дел од иницијативите за одржлив развој на Huawei.
„Енергетската ефикасност се претвора во главен фактор при создавањето комуникациски мрежи. Треба да користиме помалку енергија за да префрламе поголемо количество информации. Треба да ја намалиме во целина енергетската потрошувачка за напојување на системите. Комуникациските технологии може да помогнат во тоа“, додаде Лианг.
Г-дин Лианг објасни дека технолошкиот гигант Huawei воведе многу иновации во текот на своите 5G истражувања, развој на производи и инженеринг. Компанијата е во можност да ја намали потрошувачката на електрична енергија за секоја 5G локација (опрема потребна за покривање на 5G ќелија) до 20% од просекот на индустријата. Ова е можно благодарение на новите чипсети на Huawei, системскиот софтвер, професионалните услуги и напредната хардверска технологија за отстранување на топлината. Овие иновации помогнаа Huawei да стане енергетски ефикасна компанија. Користејќи ги вистинските решенија за производство на 5G опрема, Huawei ќе биде 5G компанија која всушност ја имплементира зелената технологија.
Кевин Тао, член на бордот на директори и претседател на Комитетот за одржлив развој на Huawei, изјави дека: „Компанијата сака да помогне предностите на дигиталната технологија да стигнат до секој дом, човек и организација. За таа цел започнавме дигитална иницијатива за дигитално вклучување наречена TECH4ALL.Па така, до крајот на 2018 година нашата RuralStar оделука поврза 40 милиони жители од руралните средини“.
Тао рече: „Денес, компанијата обезбедува комуникациски услуги на преку 3 милијарди луѓе, со што Huawei се залага за поддршка на безбедни мрежни операции низ целиот свет. Ние го почитуваме овој ангажман, без разлика што ќе се случува. На пример во 2018 година, по земјотресот во Индонезија со магнитуда 7.7, Huawei беше прв и единствен снабдувач на опрема во реонот “.
Тао, исто така, ги објави новите стратегии за одржливост на Huawei, кои вклучуваат две главни промени. Првата е дека Huawei ја прошири својата стратегија за надминување на дигиталниот јаз во стратегијата за дигитално вклучување. Врз основа на поврзаноста, компанијата сега посветува поголемо внимание на апликациите и вештините. Втората промена се однесува на стратегијата за одржување стабилни и сигурни мрежни операции и заштита на приватноста на потрошувачите, бидејќи компанијата понатаму ја развива оваа стратегија во "сигурност и доверливост".
Huawei секогаш се стреми кон одржливост во сè што прави - во своите иновации, создавање на вредност и нејзиното споделување со партнерите и на тој начин им дава многу поголема корпоративно и општествено значење. Во иднина, Huawei ќе работи уште повеќе да ја исполни својата улога во градењето подобра и побезбедна иднина.
Прилог 1: Извештајот за одржлив развој за 2018 година може да се најде на следниов линк:
http://www.huawei.com/en/sustainability/sustainability-report
Прилог 2: Резиме на Извештајот за одржлив развој за 2018 година
Дигитална инклузија: Технологијата не треба да биде достапна само за неколкумина, туку за секого. Сепак, многу долг пат допрва треба да се помине додека не стане реалност. Според GSMA, 66% од домаќинствата ширум светот сè уште немаат интернет врска и речиси 4 милијарди луѓе во светот немаат пристап до Интернет. Но, тоа не е сè - преку 2 милијарди луѓе ширум светот не можат да се потпрат на сигурна мобилна врска. Huawei знае дека е одговорен за сите овие луѓе, што резултира со започнување на глобалната иницијатива за дигитална инклузија TECH4ALL.
Безбедност и доверба: целосно поврзан интелигентен свет е изграден врз основа на сигурност и доверба. Huawei ја става сајбер безбедноста и заштитата на личните податоци како водечки приоритет. Во следните 5 години, Huawei ќе инвестира 2 милијарди долари за да ги подобри своите способности за софтверски инженеринг за поефикасно да одговори на предизвиците со кои се соочува сајбер безбедноста и заштитата на личните податоци денес.
Заштита на животната средина: Huawei се обидува да изгради чиста, ефикасна, нискојаглеродна кружна економија. Компанијата е посветена на намалување на еколошката штета во текот на секојдневните активности. Huawei ги користи своите иновативни производи и решенија за да им помогне на претпријатијата да заштедат енергија и да ги намалат емисиите, што придонесува за кружна економија. Компанијата се стреми да изгради нискојаглеродно општество со помош на своите деловни партнери. Во 2018 година Huawei користел околу 932 милиони kWh електрична енергија од чисти извори на енергија, постигнувајќи намалување на емисиите од околу 450.000 тони.
Здрав и хармоничен екосистем: Huawei целосно прифаќа одговорност како корпоративен граѓанин и работи во тесна соработка со своите клиенти, вработените, локални заедници и деловни партнери, за да создаде здрав и хармоничен екосистем. Во 2018 година Huawei организираше 177 јавни програми ширум светот за поддршка на растот на локалните економии.