Huawei со 10 предвидувања за најважните технолошки трендови до 2025 година

Добивај вести на Viber

Huawei го претстави својот извештај за „Global Industry Vision“ (Визија за глобалната индустрија), во кој е вклучена прогнозата за развој на индустријата на компанијата до 2025 година.

Во извештајот се дадени 10 предвидувања за технолошки трендови кои ќе го променат нашиот начин на живот и работа. Таа се заснова на сопствените податоци на Huawei и примери од реалниот живот за тоа како паметните технологии се спроведуваат во секоја индустрија. Некои од технолошките предвидувања вклучуваат развој на вештачка интелигенција, 5G, вклучување роботи во домаќинствата и употреба на „паметни“ асистенти.


Еве ги 10-те предвидувања за Huawei за 2025 година:

1.Живот со роботи: Напредокот во науката, развојот на вештачката интелигенција и мрежните технологии се клучот на интегрирање на роботиката во домот. Во извештајот се предвидува употреба на домашни роботи во 14% од домаќинствата ширум светот.

2.Супер визија: Со доаѓањето на 5G, VR и AR и машинско учење, нашата способност да видиме подалеку од далечина, површина и време ќе се промени, давајќи ни нови можности за деловна комуникација и споделување информации. Во извештајот на Huawei се проценува дека процентот на компании што користат AR и VR ќе се зголеми на 10% на глобално ниво.


3.Нулта пребарување: Уредите за вештачка интелигенција, опремени со сензори, стануваат се повеќе свесни за нашите потреби. Потребата сами да бараме информации ќе биде елиминирана затоа што таа ќе нè најде. Идните пребарувања ќе бидат полесни, личните профили на социјалните мрежи ќе бидат креирани без напор, а индустријата ќе ја искористи предноста од заштеденото време на пребарување. Во извештајот се проценува дека 90% од сопствениците на паметни уреди ќе имаат и „паметни“ лични асистенти.

4.Крај на транспортниот хаос: Интелигентните транспортни системи ќе продолжат да ги поврзуваат луѓето, возилата и инфраструктурата. Во иднина, ќе се спречи евентуален сообраќаен метеж, брзата итна помош и други клучни карактеристики што ќе ни го олеснат животот, ќе бидат сè побрзи. Во извештајот се сугерира дека до 2025 година, 15% од возилата ќе работат на принципот „Vehicle-to-Everything“.

5.Работа со роботи: Паметната автоматизација веќе трансформира голем број индустрии, овозможувајќи им на роботите да извршуваат многу задачи. Ова е основа за поголема безбедност и продуктивност. Во извештајот на Huawei се проценува дека на секои 10,000 вработени ќе има 103 роботи вклучени во работниот тек.

6.Додадена креативност: Вештачката интелигенција ќе ги намали цените и ограничувањата на многу истражувања, иновации и нови хоризонти за луѓето во креативниот и уметничкиот сектор. Во извештајот се проценува дека 97% од големите компании ќе се потпираат на вештачка интелигенција.


7.Непречена комуникација: Вештачката интелигенција и големите аналитички податоци ќе создадат непречена комуникациска околина помеѓу компаниите и нивните корисници, без никакви јазични ограничувања. Прецизноста во комуникацијата, леснотијата на разбирање и довербата ќе бидат во срцето на овој процес. Во извештајот се проценува дека деловните субјекти ефикасно ќе користат 86% од податоците што ги собираат.

8.Симбиотска економија: Компаниите ширум светот ги прилагодуваат своите дигитални технологии и паметните апликации на унифицирани платформи за пристап. Ова создава услови за подобра соработка, споделување ресурси, посилен глобален екосистем и поголема продуктивност. Во извештајот се предвидува дека, на глобално ниво, 85% од деловните апликации што ги користат компаниите ќе бидат зачувани на cloud платформите.


9.5G ги менува нашите животи: 5G е веќе факт и нуди побрза врска од која било друга претходна мрежа. Ова дава огромна можност за развој на потрошувачите, деловните активности и општеството во целина. Во извештајот се предвидува дека до 2025 година 58% од светското население ќе има пристап до 5G.

10.Глобално дигитално управување: Развојот на дигиталните технологии исто така мора да биде балансиран во однос на заедничките глобални стандарди. Во извештајот се проценува дека на годишна основа, споделените податоци ќе достигнат до 180 ZB (1 ZB = 1 милијарди GB).


 „Човечката желба за иновации никогаш нема да престане. Ние треба да гледаме кон иднината. Сведоци сме на брзи промени во нашите животи, на нашето работно место и во општеството, благодарение на воведувањето на вештачка интелигенција, 5G системи и други клучни технологии во нашиот секојдневен живот. Huawei се фокусира на создавање дигитални платформи, подобрување на потрошувачкото искуство и паметни технологии кои создаваат услови за сеприсутна поврзаност. Нашата мисија е да им овозможиме на сите, секој дом и организација можност за технолошки и личен развој", заклучува Кевин Зенг од Секторот за комуникации на Huawei.