Huawei со ексклузивни понуди за новата учебна година
Од 2 септември, Huawei започнува со привлечна кампања за новата учебна година која опфаќа широк спектар на производи од компанијата - паметни телефони, паметни часовници и спортски слушалки за музика. Нивните комбинации го привлекуваат вниманието на студентите кои бараат големи екрани, музика во движење, спортски додатоци и дизајни кои им помагаат да го изразат својот стил и расположение. Истовремено, понудите се така дизајнирани што нудат одлична додадена вредност и вредност во однос на цената, што е многу важно за родителите во овој финансиски оптоварен период.
Во продажните салони на партнерите на Huawei во земјава, Нептун и СЕТЕК, и во оние на мобилниот оператор ВИП, кампањата ќе стартува на 2 септември, а кон неа од 10 септември ќе се приклучи и Телеком.
Почнувајќи од паметните телефони, понудите ги покриваат двата најпродавани паметни телефони на компанијата од средната класа - P30 lite и P smart Z, кои доаѓаат со подарок Bluetooth спортски слушалки во неодолива црна боја и дијамантски финиширана текстура. Екстремно лесните слушалките (тежат само 5 грама) обезбедуваат висококвалитетен Hi-Fi звук, чиј богат бас се пренесува директно во увото. Батеријата трае 10 дена, а времето за полнење од 11 часа е повеќе од доволно за младите да уживаат во нивната музика кога сакаат. Од своја страна, P30 lite е исклучително моќен, водечки во класата паметен телефон, кој се справува без проблеми дури и со најтешките мобилни игри, со дисплеј од 6,15” и камера од 48 мегапиксели за фотографии што може лесно да се печатат како постери со големина од 2 метри. Со P smart Z, без никакви слотови на дисплејот и pop-up селфи камера, ќе го привлечете вниманието на сите на училиште. За оние кои бараат сопствени бои, P smart Z е достапен и во привлечна маслинесто - зелена боја, која одлично се истакнува со црвените слушалки.
Боите и изразувањето на свој стил е во срцето на предлогот за активни спортисти. Huawei Watch GT, кој е добро прифатен од пазарот во сите свои 4 дизајни, од 10 Септември ќе се продава во Телеком со подарок - втор ремен, за да може да имате 2 дизајни со една набавка. Покрај голем број на карактеристики, вклучувајќи триатлон и следење на спиењето, Watch GT може да се пофали со разумна цена и екстремно долг век на траење на батеријата до неколку недели.
Повеќе детали за промоциите, можете да најдете на официјалната веб-страница: huawei.com/campaign/summer.