ХУМАНИТАРНОТО ЗДРУЖЕНИЕ БИРА НОВИ СОРАБОТНИЦИ: Пејачи и актери ќе бидат амбасадори на „Проект среќа“
Здружението„Проект Среќа“, чиј претседател е поп-пејачката и автор Кристина Арнаудова, избира четворица амбасадори на среќата, познати пејачи и актери кои интензивно ќе бидат вклучени во активностите на здружението.
„Ниекако здружение кое работи на тоа сите да имаат подобра иднина, а особено децата, затоа што без среќни деца нема среќна иднина, избираме четири јавни личности кои се познати по нивната позитивна енергија и желба да помогнат. Тие ќе станат наши амбасадори на среќата, и заедно со нас ќе помагаат секаде каде што треба да се подели среќа. На крајот на овој месец ќе ги објавиме нивните имиња на официјална прес конференција“, ни изјави Кристина Арнаудова.
По изборот на новите соработници, таа се надева на уште повеќе ангажмани и активности на хуманитарното здружение. „Проект среќа“ паралелно работи на два нови проекти. Едниот е „Здраво шампиони“, со кој обезбедуваат бесплатни членарини за спортски клубови за децата чии родители не можат да си ги дозволат, и бесплатна спортска опрема за истите деца. Другиот проект е „Среќно матуранти“,со кој обезбедуваат комплетен матурски стајлинг за сите матуранти, полуматуранти и апсолвенти кои тоа не можат да си го дозволат.
Избираме четири јавни личности кои се познати по нивната позитивна енергија и желба да помогнат. Тие ќе станат наши амбасадори на среќата.- Кристина Арнаудова
„Квалитетот на живот на тие деца кои живеат во сиромаштија ќе се обидеме да го подобриме и со тоа да создадеме една нова, посреќна генерација. Многу луѓе живеат во сиромаштија, а јас знам дека сите ние можеме да дадеме по малку за нив. Некој време, некој пари,којштоможе и колку може и да им го направиме посреќно детството,“,додаде Арнаудова.
Таа вели дека имињата на четворицата амбасадори за оваа година ќе бидатизненадувањеза јавноста, а ги избираа таа заедно со нејзините блиски соработници.
На музички план, Кристина работи на закажување на нови настапи за целата година.Викендов, таа ќе пее на ВИП вечерта по натпреварите на СЕХА лигата- „Фајнал фор“ во ракомет во Скопје.
„Подготвувам еден специјален настап, сплет од македонски народни песни. Доаѓаат луѓе од странство за кои знам дека ќе сакаат да ја слушаат нашата традиционална музика. Можеби тој репертоар ќе го вклучам и во останатите настапи, како увертира. Таа музика ми е во крвта, и од секогаш сум сакала да ја пеам иако таа желба не сум јапотенцираламногу“, ни изјави Арнаудова.
Од 8. до 12 мај. Кристина со нејзиното семејство ќе отпатува во Лисабон, како поддршка на македонските евровизиски претставници „АјКју“ на „Евросонг“. Кристина е добра пријателка и соработничка со „Ајкју“. Таа е коавтор на песната „Убава“ која победи на Скопскиот фестивал во 2015 година.
Милица Џаровска