Хурем со родителите, сестрата и ќерките прослави роденден: Лара и Лили ја изненадија мама со прекрасна торта која сами ја украсија
Мерием Узерли, германска актерка со турско потекло и неприкосновена Хурем Султан, го прослави својот 41 роденден во Берлин.
Мерјам Узерли никогаш не била посреќна. Опкружена со оние кои најмногу ги сака, родителите, сестрата и ќерките, таа го прослави својот роденден во својот дом во Берлин.
Специјално за таа прилика ја чекало едноставна роденденска торта украсена со свежи јагоди.
Сè било опуштено и неформално, како што доликува на домашна атмосфера. Кој би помислил дека Мерјем има над четириесет години?! - Во краток жолт фустан со цветни мотиви и врзана коса во опавче изгледа како мало девојче.
Убавата актерка прослави прекрасен ден со семејството, таткото Хусеин, мајката Урсула и сестрата Џанан. Почесни гости биле двете млади дами, ќерките на Мерием Лара и Лили, кои тортата ја украсиле со големо срце и натпис „Те сакаме мамо“.
Неколку дена претходно Мерием Узерли го прослави својот роденден некаде на море, но не сакаше да ја открие локацијата на Инстаграм. Во хотелската соба ја чекаа балони во облик на срце и прекрасен букет свеж сончоглед.
Не знаеме од кого се цвеќињата, но секако би било убаво да се од господин.
Фото: ИнстаграмИзвор: Zena.blic.rs