И бремена не ја оставаат на мир: Девојката на Амиџиќ е под голем притисок од „хејтерите“, еве што изјави
Како бомба одекна
веста дека кратко по разводот познатиот српски водител Огњен Амиџик си најде
нова девојка, убавата Мина Наумовиќ, а уште побрзо се раширија гласините дека
таа е бремена од водителот, и наскоро ќе стапат во брак.
Очигледно овие убави вести ги погодија „хејтерите“, па гледаат на секој можен начин да им ја „распиат“ среќата, навредувајки ги на социјалните мрежи, во приватни пораки...
Со оглед дека Мина е бремена, ова уште потешко и „падна“, па се обрати јавно до сите оние кои постојано ја навредуваат неа но и нејзиниот сакан Огњен.
- Со месеци наназад трпам најлоши навреди и закани заради медиумската кампања (намерно го користам токму тој термин) во рамки на која се пласирани голем број лаги и во која јас сум претставена како негативец.
Јас молчев, така избрав.
Во петтиот месец од бременоста веќе не сакам и не морам да бидам изложена на тоа, макар не на својот Инстаграм профил. Се тргнав зад камерите и се повлеков од јавниот живот затоа што во овој миг ми се потребни приватност и мир.
Доколку и понатаму имате потреба да седите на мојот профил, чекајќи да видите каде сум и што правам, правете го тоа во тишината во вашите мрачни кулоари, затоа што поинаку нема да имате прилика. Секој профил што ќе ми упати што било лошо, ќе биде блокиран.
Секако имајте предвид дека тоа нема ниту да ви ги реши проблемите, ниту да ви ги плати сметките. Секое добро, им порача Мина.
Фото:Инстаграм