Актуелно // Insta вести
Ѝ го скрши ли некој срцето на Лила, па водителката чита вакви книги? (ФОТО)
- 25 Ноември, 2022
Најпознатата ТВ водителка кај нас Лила Филиповска покрај модните трендови кои се неизбежен дел од нејзиниот живот, активно ги следи и случувањата надвор од модната сфера.
Како и многумина следачи на фудбалот, и Лила го следи Светското првенство кое годинава се одржува во Катар, а ова го докажа со фотка на инстаграм приказна, притоа откривајќи кој ја гледа неа , додека таа ужива гледајќи ТВ.
Станува збор за нејзиниот миленик, мачето Рагнар.
Меѓутоа, во целата приказна, во очи ни падна книгата која водителката ја чита во моментов.
Насловот на книгата е „Сурова љубов“ и истиот нѐ натера да се прашаме дали некој ѝ го скршил срцето на Лила.
Фото: Инстаграм/Лила