И кај нас прават да веруваме во чуда: Бебето родено 900 грама си замина дома со цели 2080 грама по 66 дневна битка

Добивај вести на Viber

Уште една убава вест денес ќе споделиме со вас. 

Од ГАК дома си оди уште едно предвреме родено бебе.

Имено од клиниката соопштија дека семејството Зендели си заминало дома со најубавиот подарок.

Нашите бебиња не сопираат.

Семејството Зендели си замина дома со најубавиот подарок. Принцот роден 900 грама си замина домче со цели 2080 грама по 66 дневна битка. Ордени животни за овие дечиња, за овие родители, за целиот персонал.

ОИНТ вие сте чудо...вие правите да веруваме во чуда, а овие бебиња тоа го потврдуваат“, напишаа на Фејсбук од ГАК.
Браво, и секоја чест им велме и ние.