И МАЛАТА ЈАНА ДОНИРАШЕ КОСА ЗА ДЕЦА БОЛНИ ОД РАК

Добивај вести на Viber

Шестгодишната Јана е меѓу најмалите донатори на природна коса за изработка на перики за деца болни од рак. Нејзината плетенка е испратена до холандската организација Stichting Haarwensen, а таа е една од многуте деца кои преку Здружението за едукација на деца и млади „ЗЕДМ Сложувалка“ својата хуманост ја покажаа на дело. Оттаму информираат дека Јана ветила дека после некоја година повторно ќе ја донира косата откако ќе ѝ порасне.

Пред пет дена „Женски Магазин“ ја објави инспиративната приказна на четиригодишниот Максим Кочовски од Скопје кој исто така ја донираше својата коса за перика која ќе ја користат деца болни од рак. Максим, од мали нозе присуствува и на „Розевиот марш“ кој го организира здружението „Борка“.

Ѓ.С.