Ѝ направив трепки на Аријана Гранде: Македонката Маја Кипровска работи со ВИП личности во Лондон

Скопјанката Маја Кипровска ќе се погрижи за изгледот на американската музичка ѕвезда Аријана Гранде, за време на нејзината англиска турнеја, која ќе започне следната година. Маја неполни две години со семејството живее во Лондон и е сопственик на салонот за убавина „МЛ“. Таа ќе ѝ направи вештачки трепки на Аријана Гранде, откако нејзиниот тим ја повикал да соработуваат за време на целата англиска турнеја. На својата официјална фан страница на Инстаграм, Аријана Гранде објави благодарност до салонот на македонската козметичарка, за прекрасните трепки што ѝ и ги направила. 

Кипровска ни раскажа дека имала можност да ја запознае тинејџерската ѕвезда. Поминала три часа со неа во хотелот во Лондон каде што била сместена, и откако и изработила пробни трепки, добила зелено светло за договор со Гранде и со нејзиниот тим.

На својата официјална фан страница на Инстаграм, Аријана Гранде објави благодарност до салонот на македонската козметичарка, за прекрасните трепки што ѝ и ги направила.

„ Во септември оваа година се пријавив на светски натревар за изработка на трепки, (World Lash Сompetition), чисто да видам како е, и на моја среќа и изненадување го освоив второто место во конкуренција од 970 натпреварувачи во мојата категорија. Честитајќи ми на победата на Фејсбук и на Инстаграм, добив понуда да правам трепки на пиар настан. Таму стапив во контакт со блиски луѓе од кругот на Аријана кои беа воодушевени од идејата што ја имав. Добив понуда да ги изработам нејзините трепки пробно, и секако прифатив со задоволство, бидејќи фамилијарно си ја почитуваме, особено моите ќерки Матеа и Леона, што цело време ја следат и во сериите каде што глуми и во музиката“, ни раскажа Маја. 

Таа искрено посакувала дека тимот на пејачката и актерка ќе ја повика на соработка, но била скептик затоа што Аријана Гранде има огромен тим кој што се грижи за нејзиниот изглед.

Ме спроведоа кај Аријана Гранде во хотелот со обезбедување. На влезот ми го одземаа телефонот, не ми беше дозволено фотографирање.

„ Меѓутоа, на мое задоволство бев избрана токму од неа, бидејќи се вљубила во трепките и сега договорот е веќе потпишан, само ги чекаме датумите за турнејата“, вели Кипровска за Женски магазин. Трепките кои ги работи се од брендот „Карлос про лаш“, за кој таа станала дистрибутер за Англија. 

Муабетот со Маја ни продлжува за средбата со Аријана Гранде. 

„ Ме спроведоа кај неа во хотелот со обезбедување. На влезот ми го одземаа телефонот, не ми беше дозволено фотографирање. Меѓутоа, во собата немаше обезбедување, бевме сами таа и јас. Постојат правила како да се однесуваш, како да се облечеш, што смееш да разговараш, меѓутоа за мене сите клиенти се исти, исто ги третирам и мислам дека заради тоа сами се впуштаат во разговор со мене и разврзуваме разговор на различни теми за тие три часа. Инаку е многу мила, воопшто не е препотентна, можеби бидејќи беше е во мои раце три часа, хахаха. Беше фасцинирана како ѝ направив толку густи трепки, а рече дека не ги чувствува дека ѝ се на очите“, ни раскажа Македонката од Лондон. Таа на шега вели дека кога ги изработува овие трепки, најлесно ѝ е кога клиентите спијат. 

„Ми раскажуваше за нападот во Манчестер, кој се случи лани токму за време на нејзиниот настап таму. Низ солзи ми зборуваше колку ѝ е жал за сите жртви. Само една недела по нападот, настапуваше без страв на истото место за да им оддаде почит на семејствата на жртвите“, откри Маја. 

Се пријавив на светски натревар за изработка на трепки, и на моја среќа и изненадување го освоив второто место во конкуренција од 970 натпреварувачи во мојата категорија. 

За фамозните трепки, таа вели дека чинат 170 фунти, меѓутоа во случај на вакви договори со светска ѕвезда чинат многу повеќе затоа што според договорот, таа треба да е достапна за време на целата турнеја. Трепките се мега волумен или стручно наречено руски волумен и траат 6 до 10 недели без корекција. Со корекција на четири недели, вели Маја, изгледаат феноменално. „Клиентките ги чувствуваат како природни трепки бидејќи се работи со многу тенки мини. Со оваа техника и невозможното може да се направи возможно“ . 

Почетоците со оваа техника на работа, на Кипровска ѝ биле пред 10 години. Во 2014 година та стана единствен интернатионален Мастер едукатор за Македонија. Конкретно, со руската техника за изработка на трепки работи од мај лани. Од април годинава, Маја во Лондон успеа да отвори свој салон “ML Beauty and Education“, кој е наречен според првите букви на имињата од нејзините ќерки, Матеа и Леона. Во работата, голема подрршка ѝ е и сопоругот Бранко, кој е професионален возач на тркачки автомобили со многу освоени награди.

Салонот го носи името по Матеа и Леона.- Маја со ќерките 

Освен со Аријана Гранде, успешната козметичарка работи и со други ВИП личности во Англија, како дел од тимот на Blow Ltd, козметички сервис кој ги посетува клиентите дома. 

„ Така дојдов во контакт и со сестрата на Луис Хамилтон на која ѝ правев нокти, на Хана, главниот уредник на списанието Marie Le Claire i многу други глумици, водителки, дизајнери“, вели Маја. Меѓу нив е и Ребека Фарар Хокли, креативна директорка на брендот Kurt Geiger, чији први високи потпетици ги облече актерката Џоан Колинс. 

 Нејзин следен предизвик e натпреварот за изработка на трепки на светско ниво, на кој учествувала заедно со 4,700 други кандидати од целиот свет, и вели дека со нетрпение ги очекува резултатите на шести декември. 

Милица Џаровска