И ние си имаме Слаѓа Алегро: Оваа наша пејачка „копија“ на една од најангажираните српски вокали
Марија Луиса Тодоровска е фолк пејачка која е меѓу најангажираните кај нас. Нема викенд, а летово и во деновите преку недела таа да не настапува низ градовите ширум државата.
Сексапилната Марија Луиса многумина ја нарекуваат „Кралицата на бакшишот“ токму поради фактот што речиси и да нема настап, а таа да си замине без огромна сума на пари, а кариерата секако и врви само напред што е за голема пофалба.
Битолчанката со адреса на живеење во Скопје има провокативен изглед, а она што е интересно е дека многу наликува на српската пејачка Слаѓа Алегро.
Ако погледнете низ нејзинит фотографии и направите споредба, дека си личат една на друга е и повеќе од очигледно, а Марија е една од ретките наши ѕвезди кои никогаш не криеле дека немаат ништо против естетските корекции, и нејзиниот изглед е поприлично променет од почетокот на нејзината кариера.
Битолчанката е далеку поразголена и не се срами да покаже повеќе во било кое време, но и далеку послаба.