И ОВА ГО ИМА: Отворен музеј на селфи

Добивај вести на Viber

Во калифорнискиот град Глендал во неделата е отворен првиот музеј за селфи во кој посетителите се повикуваат да ги „истражат корените на овој социјален феномен“, пишуваат американските медиуми.

Се работи за интерактивен музеј,  стаповите за селфи и фотоапаратите не само што не се забранети, туку посетителите се поттикнуваат да ги донесат со себе.

До 31 мај сите заинтересени во музејот ќе можат да ја истражуваат популарноста на социјалното и културното влијание на овој популарен вид на фотографија.

Просториите се посебно уредени за правење селфи.

Во музејот се наоѓаат и експонати какви што корисниците на социјалните мрежи често објавуваат на своите профили, како храна или внатрешноста на тоалетот со големи огледала, рекол еден од основачите на музејот, Томи Хонтон.

„Сакаме да ги развеселиме и насмееме луѓето. Сакаме да ги изненадиме со музејската постава. Ние сме место за визуелен хумор во кој посетителите во моментот кога ќе влезат во него стапуваат во своевидна интеракција со просторот. Се надевам дека слатко ќе се смеат, дека ќе бидат збунети и изненадени… и дека нема да можат да одолеат да не направат неколку селфиња“ – рекол Хонтон.

Вели дека денес луѓето не сакаат само да бидат набљудувачи, тие сакаат да бидет дел од таа уметност.