И покрај дождот, Скопје „гореше“ од добра музика: Skopje Calling 2023 - Спектакл кој ги оправда очекувањата
Дождот не успеа да
ги расипе плановите за добра жура. Ако не и најдобратa која се случи оваа
година. Авалон Продукција уште еднаш докажа дека е мајстор за добра
забава, и не попусто важи за една од најуспешните
промотерски куќи во музичката индустрија на територијата на целиот Балкан.
Денес до
раните утриснки часови на Стадионот на АРМ во Скопје траеше долгоочекуваниот културно музички фестивал - Skopje Calling
2023. Фестивалот го отвори „Лајбах“
а по него следеше настапот на „Констракта“. Дождот не престануваше, но тоа не
ги спречи љуботелите на добра музика сепак да присуствуваат на овој спектакл.
Песните на Буч Кесиди и „Nipplepipple“ се пееа на глас а Нина Кравиц го заокружи музичкото патување за кое уште долго ќе се зборува.
Покрај добрата музика, не изостана ниту одличната организација. Посетителите имаа голем избор на храна и пијалоци, како и место за фотографирање и одмор.
Skopje Calling 2023 ги оправда очекувањата, еве дел од атмосферата на стадион.
Фото: Вангел Тануровски