И само една доза од вакцината дава многу силен имунолошки одговор: Научникот Џикиќ со препораки за оние кои прележале ковид
Познатиот молекуларен биолог и директор на Институтот за биохемија на Гете Универзитетот во Франкфурт, Иван Џикиќ во емисијата „Студио“ на ХРТ вели дека нема нема да има колективен имунитет сè додека има мал број вакцинирани и истовремено посочува дека сè додека има околу 40-50 проценти од луѓето кои не се вакцинирани меѓу нив ќе се шират нови варијанти.
- Бидејќи се шират многу брзо, бројот на нови инфекции рапидно расте. Нови варијанти и нови видови на вирус се создаваат претежно кај невакцинирани и тоа го покажа обемна научна студија. Доколку вакцинираните лица развијат инфекција и поблаги симптоми, тие не развиваат нови, поопасни, брзо ширечки варијанти на вирусот. Целта е да се вакцинираат што повеќе луѓе со цел да се намали бројот на нови варијанти, изјави научникот за ХРТ.
Професорот даде совет и за луѓето кои ја прележале болеста, нагласувајќи дека тие само и со една доза од вакцините против Ковид-19 имаат силен имунолошки одговор.