И таа е само жена од крв и месо: Кралицата Летиција во ситуација која барем еднаш нѐ задесила сите

Добивај вести на Viber

За неа сите имаат да кажат едно нешто: икона на стилот. Шпанската кралица Летиција е олицетворение на грациозна женственост, на ведар дух, паметна и одмерена со своите одговори. 

Пред да се земе со кралот таа беше новинарка, па добро знае што значи печат- седмата сила. Внимава како ќе се облече и однесува на секој настан, а она што го носи навистина претставува врвна перфекција. Но, во една ситуација можеби малку се засрами, иако тоа е момент кој може да се случи на секого.

При една посета на Шведска со нејзиниот сопруг кралот Фелипе Шести за време на кралското патување, претрпе пропуст што беше силно критикуван од шведскиот печат.

Кралицата Летиција и кралот Фелипе Шести им се придружија на кралот Карл Густаф XVI Густаф и кралицата Силвија на вечерен прием во Шведска.

Додека ги поздравуваше гостите на вечерниот прием, на кралицата Летиција наеднаш ѝ падна чантата откривајќи ја содржината.

Фотографите го снимиле моментот кога личните работи на шпанското кралско семејство биле расфрлани по подот. Некои од предметите вклучуваа кармин и нејзиниот телефон.

Фото: Инстаграм

Погледнете: