И ВО ОКТОМВРИ НЕ ЧЕКААТ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве ги деталите

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски објави уште една метео прогноза за периодот што следи.

„ Во деновите кои се пред нас ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со умерена облачност. Повремено и локално ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за сосема слаб и локален дожд.

Ќе биде пријатно топло преку ден, што значи дека температурите на воздухот ќе бидат околу просекот за овој период од годината.

Наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, а особено во Малешевијата тие ќе се спуштаат до околу 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.


Деталите погледнете ги на Фактор тука.