Идеална комбинација: Meланија Трамп во совршен летен фустан

Добивај вести на Viber

Првата дама на Америка, Меланија Трамп, по повод празникот, ја посетила детската болница на Флорида, а на децата им подарила подароци. 

Популарната Словенка била расположена, а нејзината модна комбинација покажа зошто е модна икона. Носела црно – бел фустан кој и ја нагласуваше половината, во комбинација со црни салонки. 

 Нејзиниот избор е дело на американскиот дизајнер Адам Липс, кој чини околу 1000 евра.