Идејата ми дојде додека работев на Канарските острови: Гевгеличанката Ели ни раскажа како ги прави шеширите и ташни за плажа кои патуваат низ цел свет
Ели Соколова е 27 годишна девојка од Гевгелија. Студирала во земјава, и во Труција, а како студент работела на Канарските острови.
Има завршено Академија за Дигитален Маркетинг, а воедно работи дигитален маркетинг за Американска компанија.
„Обожавам да патувам и често сум некаде на патување така што моите блиски ми кажуваат дека не можат да ме најдат на мапата каде сум. Денот ми почнува со здрав оброк и малку книга“ - вели нашата соговорничка во денешното интервју во кое зборуваме за нејзината голема пасија и она што го прави, рачно изработува шешири и ташни за плажа, кои девојките ги обожуваат.
Ели во животот се мотивира од убави места за патување, лојални луѓе, успех во тоа што го работи и поддршка од најблиските, а нашите читатели и читателки може да си добијат од нејзините изработки преку GIVEAWAY-от кој е активен на нашиот инстаграм профил.
*Раскажи ни како дојде до идеја да изработуваш рачно шешири и плтени чанти за плажа?
-Рачните изработки од секогаш ми привлекуваа внимание, бидејки не се купува само производ, туку нечиј талент, љубов кон работата воедно и посветено време. Кога станува збор за персонализирани рачни изработки, самот продуктот односно подарок има многу повеќе значење. Шеширите се посебен детаљ кога е во прашање изгледот на плажа. Нѐ штитат од сонцето, а во зависност од комбинацијата што ја носиме презентираат различни стилови. Со оглед на тоа дека имам пасија кон рачните изработки, го обожавам летото и патувам често, како и за повеќето љубители, летото е годишното време кога можат совршено да ја раскажат својата модна приказна, а плажата е местото каде можат да го истакнат сензибилитетот, убавината и софистицираниот стил. Додека работев привремено на Канарските Острови ми се роди идеја да изработувам шешири и ташни што би биле нешто поразлично од вообичаеното, поуникатно од стандардното и пософистицирано од очекуваното.
*Колку време ти требаше идејата да ја преточиш во финален производ ?
-Понекогаш само малку креативност е потребна, една идеја да се реализира и претвори во уникатена изработка. Секоја рачна изработка, сама позади себе си крие одредена емотивна приказна. Кај мене тоа беше љубовта кон патувањето и што е можно побрзо да најдам начин како да почнам да персонализирам летни додатоци за плажа. Шеширот е симбол кој ја отсликува една дама и е важен додаток кој може да се адаптира на секое годишно време особено во летниот период кога можеме да го комбинираме со ташна за плажа, така што веќе следното лето јас почнав да ги изработувам.
*Колку време се занимаваш со рачната изработка на шешири и ташни за плажа?
- Секоја дама прaви различни летни комбинации, со цел да изгледа уникатно и поразлично на својот одмор или патување така што веќе 5-та година ги исполнувам желби на девојките.
*Дали правиш се сама, или имаш помош?
- Моментално изработувам сама, но семејството ми е најголема поддршка и помош во моменти кога ми е потребно.
*Колку време е потребно за да се направи еден персонализиран шешир, или ташна?
- При рачна изработка, невозможно е да се добијат два идентични примероци, секој производ си бара различно посветено време само по себе, така што времетраењето варира, во зависност од големината на текстот, додатоците и побарувачката на клиентот.
*Од што ги изработуваш, каков материјал?
- Денешно време живееме во свет каде што имаме безброј различни можности. Сакав во мојот бренд да вметнам нешто што ќе биде eco-friendly така што ташните за плажа се од јутен природен материјал, додека шеширите се плетени и сламени. Се декорираат односно текстот е од украсен конец во повеќе бои.
*Дали само онлајн ги продаваш или имаш и продавница?
-Имам работилница каде што ми се изложени сите модели со кои што располагам и ги изработувам, но во доминација е онлајн продажбата.
*Од каде црпиш инспирација?
Инспирација ми се задоволните девојки кои што секојдневно објавуваат слики како патуваат со моите изработки низ целиот свет: Малдиви, Тајланд, Австралија, Америка и други тропски предели.
Ирена Ставрова