Идила: Ова не е само љубов, ова е нешто повеќе – Вака Тамара Тодевска ужива со момчето и децата

Добивај вести на Viber

Пејачката Тамара Тодевска, ова лето навистина ужива во друштво на момчето Лука и децата Дарен и Хана. Слободното време, максимално го користи да биде во присуство на најблиските, па така беше и овој пат.

- Еден викенд во август, напиша пејачката под фотографиите направени во Дојран, а кои ги објави на својот инстаграм профил.


Гласините дека пејачката по разводот има ново момче, започнаа токму ова време минатата година. И додека многумина мислеа дека тоа е само минлива авантура, Тамара и Лука уште еднаш докажаа дека имаат нешто многу повеќе од обична љубовна врска.


Фото:Инстаграм
Р.Ж.М.