Игор Џамбазов за навредите кон него на Инстаграм: „Штом омразата ти е главно оружје, ти не си направен од љубов!“
На интернет денес може да се најде се‘ и сешто. Има навистина многу интересни, корисни и убави работи, но за жал социјалните мрежи како да станаа и место каде секој може да си се „олесни“ - да плука по се‘ и сешто, да навредува, да омалуважува и што ли уште не.
Особено некако кај нас во Македонија, и она што е убаво и она во кое сме најдобри или она во кое сме најразлични и за тоа се наоѓаа маана и на тоа се пишуваат многу негативни коментари. Па токму за навредите на социјалната мрежа Инстаграм, нашиот најголем шоумен, Игор Џамбазов напиша:
„Непознат кориснику на Инстаграм...
Можеш да ми лајкуваш, можеш да ми коментираш, но не можеш да ме навредуваш! Може да не се сложуваш со мене, да имаш потполно спротивни ставови, но не можеш да ме навредуваш! Може да си циничен, саркастичен, луциден, ироничен, но не можеш да ме навредуваш!“
Мислам, ти можеш... очигледно, ама така зборуваш за себе, не за мене. Штом омразата ти е главно оружје, ти не си направен од љубов!
Не ти посакувам убав ден, оти луѓе како тебе едноставно немаат такви денови„.
Светот не се потресол баш премногу околу тоа, ама татко ми Џамбаз не се отрезнил три дена. Другото е историја...и по малку театар и музика“, напиша тогаш Игор на Инстаграм.
Фото: Инстаграм
Р.Ж.М.