Џамбазов инспирација за враќање на иселеници во Македонија: „Како ќе ја оправаме Македонија без Македонци?“

Игор Џамбазов е личност за која слушанле сите во земјава. Од најмали до најголеми, тој е нашиот најголем шоумен, што би се рекло народски тој е човек за се‘.

А овој пат лично неговата изведба на песна „Т‘га за југ“, била испирација или причина повеќе за враќање на наши иселеници во родната Македонија.

На пораката Игор најискрено им одговорил:

„Драг мој @ivan.r.ski , добредојдовте дома!
Кога веќе државата не ви покажала дека ве сака и дека сте и потребни, тогаш Вие покажете и што е тоа љубов кон мајковината, и колку таа ви е потребна вам, без разлика на се'.
Скептиците ќе речат дека враќањето дома од Германија не е добар потег.
Јас ви велам, одличен е!
Како ќе ја оправаме Македонија без Македонци?
Ве чекам во Дојран...



Фото: Инстаграм