Играме игри без граници со децата, и можеме да не излеземе од дома: Искрено со Симон Трпчески
На само неколку дена пред почетокот на пандемијата поради коронавирусот, одржа успешен концерт во Билбао, во Шпанија, а им се радуваше на настапите во уште многу светски земји кои беа закажани по него. За жал, како и за сите други уметници, светот мора да почека и за Симон Трпчески, нашиот пијанист со интернационална слава. Додека светот очекува кога повторно ќе ужива во неговата изведба, тој ужива во игрите без граници со ќерката Лара и со близнаците Андреј и Стефан. Симон освен за патувањата и местата што го фасцинирале за Женски магазин зборува и за тоа колку научил од едноставноста на своите баби, колку ѝ е благодарен на сопругата Даниела, за децата, за животните вредности и за себеси како личност.
* Каде сè требаше да свирите во овој период, колку и кои концерти се откажани?
- Последниот концерт ми беше во Шпанија на 7 март, на големиот фестивал „Музика“ во Билбао, и потоа почна целата оваа прикаска, која што гледано од овој аспект е прилично чудно што во Шпанија толку доцна реагираа. Таму се одржуваа концерти, со полни сали, онака како што прилега. Првиот концерт што се откажа требаше да биде во Загреб, со Загребската Филхармонија, потоа требаше да следат концери со Астуриас оркестарот во Oвиедо и Хихон во Шпанија, потоа еден рецитал во близу Бирмингем, Англија, потоа двата концерти со „Би-Би-Си Филхамоник“ во Манчестер. Токму пред католичкиот Велигден требаше да свирам во Темишвар за првпат, меѓуота ете, и тоа се откажа. По нашиот Велигден, требаше да свирам со „Том Хале“ оркестарот во Цирих, Швајцарија, којшто е не само најдобриот оркестар во Швајцарија туку и едне од најдобрите оркестри во Европа воопшто. Во мај беа закажани концерти со Кралскиот Шкотски национален оркестар, потоа два концерти, дуо со светскиот челист од Германија Даниел Милер- Шот во Германија и во Словенија, потоа ме чекаа концерти со изведба на Бетовен во Штудгард, што беше уште една убава прилика, да се свири Бетовен во една исклучително важна година и голем јубилеј, којшто го слави неговото име и дело, и тоа баш во Германија, меѓутоа ете, и тоа се откажа. Потоа, на крајот на мај требаше да свирам во Кралската опера во Копенхаген, и откако тоа се откажа, почна да откажува официјално и Австралија, промоторите од таму, бидејќи ме чекаше голема турнеја во Австралија, што веќе претпоставувам и дека целосно ќе се откаже, до овој момент. Таму требаше да одам во втората половина на јуни. Така што, останува да видиме што ќе остане од сите овие ангажмани што беа предвидени. Во јули ме чекаше концерт во Тасманија кој што се откажа неодамна, ме чека концерт во Сингапур, солистички, требаше да настапам и во Молдавија, и концерт со „Македонисимо“ во Тава, северно-американска премиера на овој фантастичен и за мене исклучително важен проект, па концерт во Гранд парк фестивалот во Чикаго, и концерт со Филхармонискиот оркестар во Монте Карло во август. Тој концерт сè уште официјално не е откажан, иако, да бидам искрен очекувам тоа да се случи, но ќе бидам среќен ако тоа не се случи. Ова е една голема мистерија што се случува насекаде низ светот, така што, не сум изборил колку концерти се во прашање, но се доста. Во секој случај, ова е една тажна ситуација, но од друга страна да сме здрави и живи. Веќе почнаа презакажувањата на концертите, што за следната сезона, што за понатаму. Така што, да се надеваме дека побрзо ќе помине.
Албумот „Македонисимо“ за „Лион рекордс“ требаше да излезе на крајот на мај, но поради ситуацијата се одлоужва за крајот на август. Тоа е еден уникатен приод кон нашата народна музика, нешто на кое треба да се радуваме сите, и ужива едне голем успех во светот. Не треба да се забораваат корените и сето она што како богатсво го имаме.
Со принцот Чарлс во Лондон, во април 2000 година, во концертната сала „Ројал фестивал хол“,како еден од победниците на Милениумскиот светски пиано натпревар
* Коронавирусот во Италија однесе најмногу жртви, се слушате ли со пријателите од таму, имате ли зборови за утеха за нив?
- Јас сум секојдневно во постојана комуникација со пријатели од целиот свет, колеги и семејство, вклучително и Италија, и од она што го знам сите се во ред, фала му на Господ. Можам да го кажам она што го оставив и како постови на социјалните медиуми, да се држат во добро здравје, тоа е најважната работа сега, и да се обидат да го пребродат овој период. Нормално, позитивниот дух којшто е карактеристичен за мојата личност секогаш е присутен и мило ми е да гледам дека оние безброј пораки што доаѓаат од сите страни, без оглед која е темата на шегата, сепак се поткрева духот на народот и од тој аспект убаво е позитивата да се шири и јас тоа го правам заедно со пријателите, вклучително во Италија. Жалам што е таква состојбата таму и во Шпанија каде што, како што кажав беше мојот последен концерт, и од таму сум во постојан контакт и со колеги, и со пријатели и за среќа се сите добро, меѓутоа има луѓе кои се во медицината, и еден од тие драги пријатели се Владимир и Даниела Поповски коишто пред некое врекме ги имаше дури и на вестите на Македонскста телевизија. Тие се во Барселона и се борат да помогнат на луѓето таму во целата оваа ситуација и Александар Краповски кој што е исто така во Барселона, мојот драг колега и другар од проектот „Македонисимо“. За среќа се сите добри и да се надеваме дека така ќе остане.
Последниот концерт пред да се затворат границите му беше во Билба во Шпанија* Имате ли некоја интересна приказна-анегдота токму од Италија која никогаш нема да ја заборавите?
- Нема да го заборавам настапот на Фестивалот на сонцето во Кортона во Тоскана. Чинам дека тоа беше во 2011 година во една театарско-музичка претстава беше претставена комуникацијата и љубовта низ писмата на Фредерик Шопен и неговата љубовница Жорж Сан, кога на сцебна бев заено со леегнадрниот глумец Џереми Ајронс и неговатас сопруга Шинејд Кјузак, којашто беше во тој момент замане за оригинално планиранала актерка Шерон Стоун, која е една од моите омилени, и тоа ќе беше уште поголема инспирација. Тоа беше едно исклучително уникатно искуство за мене, сепак со еден таков лик. Тој беше човекот Шопен, јас бев музичарот Шопен, и да ја делиме сцената беше фантастично искуство да се споделат одредени идеи, таа негова аура на сцената и за време на пробите и за време на претсавата а и надвор од неа.
Има неколку забавни ситуациии во поглед на италијанскиот дух и менталитет, во поглед на организација на концерти. Едниот беше во Реџо Ди Калабриа, другиот беше во Месина. Југот е специфичен нели, знаејќи го темпераментот и менталитетот на Италијаните. Кога дојдов како замена на светски познатиот пијанист Жаниф Ти Боде од Франција, доаѓам во прекрасниот театар во Месина, на договорена проба. Арно ама, клавирот е ем затворен ем звртен од другата страна и почнаа да ја спуштаат целосната сценографија која ја имаа од претходната опера, се чука на сите страни, бучава и беше многу интересен моментот кога јас дојдов на закжаната проба, а клавирот затворен и свртен, што беше прилично смешно за мене, познавајќи го Југот на Итаиија беше прилично забавно. Во Реџо Ди Калабрие имав една ситуација кога пробата доцна почна и не завршивме на време. Концертот заврши накај 11.30 навечер, па дури близу полноќ отидовме на вечера, хахаха. Добро, тоа си има свој шарм до некаде. Мене од една страна како Македонец не ми пречи, затоа што имаме сличен менталитет со Италијаните. Од друга страна како прилично организиран тип не ми секогаш право. Уште еден убав момент е од едно од моите омилени места коишто ми оставиле впечаток, селцето Равело, беше прекрасен момент кога висе те некаде на врвот на планината, во една таква рустична атмосфера каде што практично сцената е направена погледот на публиката е како да лебди на небото, но над морето. Изгледа како сцената да лебди над морето коешто се гледа во далечината, а вие сте на небото. Кога тоа место го посетив за првпат како турист по концертот во Соренто си реков: Е, Симе, овде навистина би сакал да свирам бидејќи е уникатно место, и тоа се случи. Тоа беше еден навистина фанстастичен момент што никогаш нема да ми излезе од спомените од Италија,.
* Имате ли слична приказна или сеќавање од Кина?
- Азија ја обожавам, кроткоста на луѓето, нивната организација, посветеноста и искрената почит спрема уметноста. Бисот кој неодамна излезе по социјалните медиуми со Гванг Жу симфони, на концретот пред осум години, на нашиот Велигден. Навистина едно убаво искуство кога свирите во еден таков милионски град, којшто во тој дел пред јас да го посетам се претворил во еден уште поубав дел од Менхетн. Можете да замислите со каква брзина Кинезите одат напред, тоа беше фасцинантно за мене. Ми беше многу мило што можев да настапам, претходно свирев во Пекинг со тамошната Национална Филхрамонија, а потоа во Гванг Жу, и се погоди за нашиот Велигден, заедно со масетра Шијан Жанг, којато е шефица на симфонискиот оркестар на Њу Џерси, со неа свирев во јануари во Њу Џерси, и таа е главен гостин на Симфонијата од Мелбурн, со која што сега ќе свирев во јуни. Притоа, само да кажам дека уште еден откажан концерт е во Сан Хуан во Порторико кој требаше да се случи во мај па во јуни. Интересното е тоа што во Кина концертот се случи на нашиот Велигден, и кога заврши бисот по „На Струга дуќан да имам“ во аранжман на Панде Шахов, нашиот композитор којшто е потписник и на проектот „Македонисимо“, во соработка со мене. Можете да замилсите какво е чувството своја песна да ја слушате изведена од цел оркестар, во една таква сила како што е Кина. Реакцијата можете да ја видите на јутјбуб, и жалам што на снимката тоа го нема, меѓутао доаѓа една група наши луѓе со коишто остваривме комуникација и доаѓа момче на сцена и ми дава едно велигденско јајце како знак на почит. Како еден куриозитет беше многу многу симпатично тоа, и никогаш нема да го заборавам. Имам убави спомени од Шангај, на „Пангај Експо“ во 2010 година кога им пеев на присугтните за да им објаснам за да им објаснам за што се работи бидејќи свирев од дел од свитата „Песни и шепоти“ на Панде Шахов. Интресно беше преведувањето, кога јас зборував на англиски, а госпоѓата преведува на кинески, па јас им пеам, па тоа не може да се преведе, и беше интересно во секој случај. Убави беа и последните два концерти во „Националниот перформинг Арт центар“ во тоа импозантно здание во Пекинг, беше навистини прекрасен спомен, полна сала со многу млади луѓе и деца. Фрапирачки спомен е тоа и една убава надеж и порака за класичната музика. Ден претходно свирев во концертната сала во Шангај и таму истата прикаска, така што имам фантастични спомени. Хонг Конг како еден независен дел многу пати го посетив. Фасцинантно е што луѓето многу искрено ја сакаат музиката. Секоја моја посета, сите шест пати во Хонг Конг, беше тоа фасцинантно организирано, по концертот имаше сесии за потпишување и беше навистина убаво да се види колкава редица се прави. Сите дисциплинирани, сите фино наместени, со добра организација: еден кој што ќе го прави редот на редицата, едне којшто ќе организира сликање, друг што ќе организира потпишување на масата каде што јас седам. И јас час и половина потпишував цедеа. Тоа е навистина еден фантастичен спомен. Азија ја сакам и жалам што тоа им се случи сега на Кинезите. Непосредно пред да се зголемуваат бројките на заразени во Кореа, бев на турнеа низ Кореа заедно со проекто „Македонисимо“, три концерти, азиска премиера на „Македонисимо“ и ја видовме организацијата на Азијците од коишто треба да учиме. Жално е што ова се случи во Кина и во останатиот дел од светот и се надевам дека ќе се оправат нештата.
Со Џереми Ајронс има играно на иста сцена во Италија
* Кои места што сте ги посетиле ви се приватно најдраги, каде повторно и повторно би се вратиле како турист?
- Уф, тешко прашање. Јас ја сакам Европа. Менталитетот прави да го сакам Балканот и јужниот дел на Европа, но ја сакам и Русија донекаде поради славјанската сличност и култура, иако онаа смиреност на Скандинавија исто така многу ме привлекува. Веќе кажав дека Азија ја обожавам, во Америка сум бил шеесетина пати, можеби и повеќе. Фасцинантна земја е за посета со сите тие различности и фасцинантна природа. Има дел каде што би сакал да појдам, тоа е Аљаска, имав покана да свирам во Енкориџ, но не ја прифатив затоа што имав закажано друг концерт. Заради сличниот менталитет и сонцето во душата и во културата ја сакам и Јужна Америка, би се вратил секогаш таму како турист. Би сакал да ја посетам Амазонија, да одам во Чиле и во Аргентина, Рио се разбира, секогаш би се вратил таму и сега преговарам за концерти во 2021 година. Би сакал да го посетам Мачу Пикчу како еден феномен. А, да, би сакал да се вратам и во Египет, фасцинирам сум од таа култура и од феномените кои се необјасниви за научниците. На Исланд би сакал пак да појдам. Свирев со Исландскиот филхармониски оркестар и останав уште три дена како турист. Сакам да одам на Гренланд, тоа би ми било интересно, Кенија да ја посетам сакам, Зимбабве, ми остана во сеќавање една фантастична репортажа во времето на Југославија од таму, како и Малта од репортажата на Гордана Куновска на Македонската телевизија. Јужна Африка, стапнав таму на два часа, поради проблеми со летови. Летав лани за Бразил, од Цирих преку Јоханесбург, па за Сао Паоло, тоа беше доста интересно патување. И одредени земји од Азија би сакал пак да ги посетам, Сингапур ми е омилено место, би сакал да се вратам. Микронезија би била интересна да се посети, и Јапонија, тоа е фасцинантна земја, тоа е друга планета. Лани бев таму по втор пат и секој момент би се вратил. Има доста околу ова да се разговара, еден живот е сигурно малку.
* Со оглед на тоа што често бевте на пат, како ви изгледаше еден обичен ден дома, успевате ли останете изолирани ?
- Можеби на некои луѓе чудно ќе им звучи, на некои не, но јас во овој период не можам да постигнам. Додека сум дома, бидејќи сум цело време на компјутер и на телефон за целосно реструктуирање на животот од овој шок што ни се случува на сите, и реорганизација на сè што е откажано, пребукирања на активности, што воопшто не е едноставно, така што јас немам апсолутно никаков проблем што сум дома повеќе.
За Јапонија, Симон вели дека е друга планета.- лани во Кјото
* Татко сте на три деца, колку години имаат ќерката и синовите, како ги анимиравте во овие услови на ограничено движење?
- Дома ми е убаво и можам слободно да не излезам од дома долг период. Да, успеваме без проблем да останеме самоизолирани. За среќа имаме и двор, но излегуваме на кратко да свртиме еден круг низ населбата колку да земеме воздух. Ги почитуваме препораките, надвор носиме маски, се трудиме да се дезинфицираме, така што од тој апспект немаме никаков проблем. Бев зафатен и со учество на социјалните медиуми, тоа исто така бара време, соработка со колеги, состаноци на Зум, така што половина ден многу лесно и брзо ќе помине. Останатиот дел од денот, си играме дома со децата. Ќерката Лара е десет години, синовите Стефан и Андреј сега скоро ќе прават четири. Не ни е здодевно, играме најразлични игри, читаме книги, гледаме цртани и играме Игри без граници. Тука понекогаш има лутење, па ќе попуштаме, па ги учиме основните правила и вредности дека мора некогаш и да изгубиме. Лара како поголема сестра многу ги анимира близнаците и е прекрасна во тој поглед. Тие ја слушаат, некогаш ќе се зграпчат, некогаш не, но убаво е што давјацата си се друштво за себе, и тоа е една позитивна страна кај близнаците, сигурно сите што имаат близнаци го знаат тоа и многу подобро од мене, ако се постари. Немаме проблем со седењето дома, само што сето ова прави една психоза кај луѓето и една голема мистерија, која прави непотребно непријатни чувства. Од таа причина ќе се појави с’клет и трпението ќе почне да се губи кај доста луѓе, воопшто на светско ниво зборувам, и ќе мораат оние кои што се надлежни да изнајдат решение.
* Знаете ли да готвите, како сте поделени со домашните обврски со сопругата?
- Не, не знам да готвам за жал, многу би сакал да научам. Веројатно тоа ќе се случи на некои повозрасни годиини, бидејќи сметам дека тоа ќе биде едно фанстастично релаксирање на мозокот. Мојот мозок е сега презафатен, бидејќи секој ден работам на пет континентни истовремено. И посреќен би бил ако само би свирел наместо да се занимавам и со администрација, меѓутоа тоа е тоа, нема бегање кога мора некои работи да се средат. Сопругата е задолжена за сето тоа и само ги подобрува своите способности во кујната, и морам да ја пофалам и да ѝ се заблагодарам што е тотално посветена на децата. Со една ваква специфична професија како што е мојата, имањето партнер којшто покажува разбирање е бесценето. Супер се храниме и многу вкусно морам да признааам, и баш ни е супер.
* Освен вашата сопруга, која жена ви е инспирација и ѝ се восхитувате?
- Тоа е мајка ми прво, заради неверојатната енергија и позитива што ја има и буквално не застанува без оглед на тоа што годините поминуваат. Тоа е една фантастична инспирација за сите нас. Просто е неверојатно од каде ја црпи таа енергија. Мене ме прашуваат луѓе по светот: од каде имаш толку енергија? Очигледно е дека е заради неа и заради татко ми се разбира, сигурно си влече ген од двете страни. Затоа би ги спомнал двете други баби, Божана и Стојка. Живеејќи во многу попримитивни услови, особено баба ми Божана, бидејќи се работи за порурална средина како што е планината Караорман. Кога живеете во такви услови и кога имате толку многу работа за да обезбедите услови за живот, а таа работа е претежно физичка, ако споредиме, практично ние денес нема што да се жалиме. Денес живееме во поинакви услови и светот е сосема поинаков, и други се потешкотиите, не велам не, но во секој случај, начинот на кој што тие живееле и ризиците со кои што се соочувале, тешко е дека ние можеме да ги стигнеме денеска. Оттаму, и двете баби, со посветеноста на семејството, со енергијата, со едноставноста во живеењето и вербата воопшто во животот, почитта кон своите блиски дури и во такви услови, се навистина фасцинантни. Јас можам само да им симнам капа, да учам од сето тоа, да земам енерги ја и да продолжам понатаму. Тие не се соочувале со коронавирус, се соочувале со многу пострашни работи, и излегувале на крај со насмевка и со песна. Ние треба само да им речеме фала и да одиме напред.
Симон во Чикаго со тава македонски питулици кои му ги подготвила стрина му
* Ако треба да се опише Симон Трпчески како личност и како сензибилитет во едно класично дело, кое би било тоа?
- Убаво прашање, но многу тешко, затоа што секогаш се барам себеси во сите дела што ги свирам и имам една разновидна личност, и затоа мислам дека е многу тешко да се најде некое, едно дело. Се надевам дека имам и страст во себе, имам и чистина во однос на мислата, имам леснотија во однос на изразот и тоа може да се најде во доста композиции. Еве, Григ, концертот за клавир и оркестар, некоја „Мазурка“ од Шопен или слободата во изразот на Гершвин да речеме, или концерт на Рахмањинов кој е полн со страст и љубов. Навистина не би можел да дадам одговор за само едно дело, бидејќи ја љубам музиката со сите свои карактеристики.
* Се покажавте и како одличен композитор, од хитот „Љубена“ на Тоше Проески до песните за „Златно славејче“ кои ги отпеа вашата ќерка. Компонирате ли периодов, какви мелодии ви се вртат низ главата?
- Да, тоа беше едно многу убав период, и мило ми е што го споменав Тоше во два наврати. Еднаш во германски медиум, еднаш во еден пост, пеејќи ја малку „За овој свет“. Периодот во кој ние соработувавме со двете песни, „Љубена“ и „Ѕвезда северница“ кои се појавија на неговиот албум „Ден за нас“ се еден фантастичен спомен. Јас имам доста песни коишто седат во фиока и си ја чекаат својата шанса. Се отпејаа песни на „Златно славејче“, Николина Јаневска испеа една убава песничка „Не срами се Симе“, потоа една песничка имав на „Супер ѕвезда“ , и се разбира она што ми е на мене особено драго е песната која ја испеа ќеркичката Лара, „Непослушно маче“, која сотана како хит на тогашното „Златно славејче“, а ја паметат и сега. Тоа беше пред четири ипол години. Убаво е кога човек има способност, талент тоа да го направи. Има и други мои песни што се испеани, од Маријан Стојаноски, Андријана Јаневска и од „Браво бенд“. Со Ристе Тевдоски кој беше нивен пејач, баш се видовме пред некое време во Америка, така што убаво е кога човек ја има таа способност и може да ја сподели. Песните кои ја чекаат шансата, ќе дојде моментот да излезат на виделина, и се надевам дека публиката ќе ужива уште повеќе.
Милица Џаровска