Илон Маск и Грајмс родители по втор пат: Принова која долго се криеше

Во семејствата на познатите секогаш има изненадувања. Кога станува збор за семејството на Илон Маск, изненадувањата добиваат светски размери

Во семејствата на познатите секогаш има изненадувања. Еден од најбогатите луѓе во светот буди посебно внимание. Имено, основачот и директорот на Space Ex и ко-основачот и директор на Tesla Илон Маск и Клер Баучер, попозната како Грајмс, пред неполни две години добија син на кој му дадоа прилично необично име - X Æ A-12 Mask. Раскинаа, секој тргна по својот пат, а потоа стигна веста - парот добил принова.

Пред неколку месеци Илон и Грајмс решија да стават крај на нивната љубовна врска, цел свет ја пренесе веста дека Маск започнал романса со 23-годишната Наташа. Иако се чинеше дека секоја приказна за Грајмс и Илон е завршена, славната пејачка реши на светските медиуми да им открие една долго чувана тајна: таа и Маск добиле ќерка во декември.

Девојчето кое е родено од сурогат мајка се вика Ека Дарк Сидерел. Нејзиниот прекар е многу едноставен - Y. Грајмс го објасни уникатното име на нејзината ќерка, велејќи дека „Ека“ се однесува на терминот за суперкомпјутер, ekaFLOPS, додека Dark претставува „непознат“.

- Луѓето се плашат од тоа, но тоа е навистина отсуство на фотони. Темната материја е прекрасна мистерија на нашиот универзум – изјави Грајмс.

Како што објаснува Грајмс, Сидерел, третиот дел од ова име, претставува неколку работи: „вистинското време на универзумот, ѕвезденото време, времето на длабокиот простор, а не нашето релативно земно време“. Грајмс истакна дека Сидерел има друго значење, односно потекнува од името „Галадриел“, измислен лик од филмот „Господарот на прстените“.

Пејачката сакала да и го даде името на својата ќерка Одисеја Маск, но таа и Илон се одлучиле за Ека Дарк Сидерел. Без разлика на тоа колку внимание предизвикало името и колку родителите ја чувале веста во јавноста, најважно е дека се родило едно девојче.