Илустрации кои потврдуваат дека суштината на вистинската љубов е во ситниците (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Љубовта е во малите нешта...

Уметницата од Лос Анџелес Аманда Олеандер доловува слатки мали моменти на љубов во своите илустрации. Црпејќи инспирација од сопствената романтична врска и собирајќи спомени од блиските луѓе, таа во своите илустрации покажува како изгледа љубовта кога никој не ја гледа.

„Фасцинирана сум од начинот на кој луѓето се однесуваат зад затворени врати, интимните моменти со луѓе за кои се грижат, а кои никогаш не ги гледаме. Тоа се моментите кои не можат да се документираат, бидејќи кога би можеле, тоа би го сменило начинот на кој човек се однесува. Затоа ги цртам“, изјавила Аманда. Таа работела за најголемите светски списанија како The New York Mag, Seventeen, Cosmopolitan, Vanity Fair.

Погледнете некои од нејзините најнови магично реалистични илустрации.



(ИЛУСТРАЦИИ) Како изгледа љубовта кога никој не гледа