Им ги одзеле телефоните на 8 часа и никој не очекувал ваков исход: Шок експеримент на руски психолози со тинејџери

Детскиот психолог од Санкт Петербург, Екатерина Мурашова, спроведе многу интересен експеримент. Таа побара од 68 тинејџери на возраст од 12 до 18 години на 8 часа да се откажат од сите свои електронски уреди, односно да ги исклучат мобилните телефони, компјутерите, телевизорите, таблетите, да не играат игри и да не комуницираат со никого.

Она што им беше дозволено во тие осум часа беше да пишуваат, цртаат, читаат, пеат, шетаат и се занимаваат со слични активности.

Авторот на експериментот сакал да докаже дека современите тинејџери не се во состојба да се посветат на себе и да работат како и дека се несвеси за тоа што се се случува околу нив.

Според правилата на експериментот, следниот ден децата имаале задача да кажат како го доживеале овој тест. Психологот ги советувал сите учесници да го прекинат експериментот во случај на прекумерна вознемиреност, непријатност или напнатост и да го евидентираат времето и причината за нивното прекинување.

Резултатите во најмала рака биле шокантни со оглед на тоа дека овој експеримент бил споревен пред 10 години кога тинејџерите сеуште не биле толку завсни од технологијата, како што е случај денес.

Од 68 учесници, само тројца го завршија експериментот – едно момче и две момчиња. Тинејџерката осум часа ги запишувала своите чувства во дневник. Едно од момчињата поминало осум часа правејќи макета на едрилица, со пауза за ручек и шетање на кучето. Другото момче пак ги уредувало своите колекции, а потоа се занимавал со пресадување цвеќиња. Ниту еден од нив немал негативни емоции за време на експериментот и не забележал појава на „чудни“ мисли.

Тројца учесници во експериментот пријавиле дека имале „самоубиствени мисли“ и пет доживеале напади на паника. Додека 27 тинејџери почувствувале симптоми како гадење, потење, вртоглавица, топлотни бранови, стомачни болки... Речиси секој од нив пријавил чувство на страв и вознемиреност, пренесува порталот „21mm.ru“.

Интересот и возбудата за новонастанатата ситуација и соочување со себе стивнаа кај речиси сите учесници до почетокот на вториот или третиот час. Само десет тинејџери кои го прекинаа експериментот почувствувале вознемиреност по три или повеќе часа осаменост.

Што правеле тинејџерите за време на експериментот?

Јделе

Читале или се обидувале да читаат

Изработувале училишни задачи

Поминувале време надвор, продавница, кафуле... (во експериментот, комуникацијата беше забранета, но било дозволено да се разменат неколку потребни зборови со продавачите или касиерите)

Составувале сложувалка или лего

Цртале

Си играле со куче или мачка

Ја чистеле собата или станот

Се капеле

Се занимава со физичка активност

Свиреле пијано, гитара или флејта

Тројца пишувале поезија или проза

Едно момче патувало низ градот речиси пет часа, менувајќи автобуси и тролејбуси

Едно момче отишло во забавен парк, но за три часа почнало да повраќа

Едно момче шетало целиот град

Едно момче отишло во зоолошка градина

Едно девојче се молело

Друго пак заминало во посета на музеи...

Што направија по експериментот?

Речиси секој се обидел да заспие во одреден момент, но никој не успеал да ги искорени „глупавите“ мисли кои опсесивно им се вртеле во главата.

По завршувањето на експериментот, 14 тинејџери веднаш ги вклуиле социјалните мрежи, 20 контактирале со своите пријатели, тројца со родителите, а петмина  ги посетиле своите пријатели. Останатите ги вклучиле телевизорите или почнале да играат компјутерски игри. Покрај тоа, речиси сите веднаш вклучиле музика или ставиле слушалки.

Сите стравови и симптоми исчезнале веднаш по завршувањето на експериментот. Интересно е што 63 тинејџери го препознале експериментот како корисен и интересен за самоспознавање. Шест учесници сами го повториле експериментот и тврдат дека успеале по неколку обиди.

Кога тинејџерите анализирале што им се случило за време на експериментот, 51 лице употребило фрази како „зависност“, „доза“, „повлекување“, „излезе дека не можам да живеам без...“, „Ми треба сè време“ ... Сите тие, без исклучок, рекле дека биле страшно изненадени од мислите кои им се случилевртеле и фенерално нивната општа состојба.


Фото: Freepik