Има 64 години и тело како момче: Па, овој згоден фраер е ни помалку ни повеќе туку Ѓоле Ѓогани

Добивај вести на Viber

Ѓоле Ѓогани на 64 години може да се пофали со тело на млад човек, бидејќи секој мускул е извајан, а ретко кој може да поверува колку години навистина има.

Пејачката Весна Ѓогани го фотографираше својот сопруг на плажа и ги остави без здив нејзините следбеници. Се сликале на плажа, а таа го прегрнала, додека Ѓоле позирал.


Инаку, танчерот еднаш откри како се грижи за својот изглед.

„Отсекогаш сум се грижел за своето тело и секогаш сум водел спортски живот. Не знам колку луѓе знаат, но јас бев спортист на Црвена звезда. Уште како тинејџер, на 16-17 години , имав завидна, атлетска градба. Подоцна почнав да танцувам. Постојано тренинзи, кореографија, тоа влијаеше и на мојот изглед. Морам да кажам дека вежбав јога. Таа комбинација на физичка и духовна носи најдобри резултати“, рече Ѓогани.

View this post on Instagram

A post shared by Srećna Republika (@srecna_republika)




„Никогаш не сакав да трошам пари на глупави работи и секогаш инвестирав во себе и својот изглед. Денес одам само два пати неделно во теретана и тоа е доволно за да изгледам вака. Цел живот вежбам и танцувам . Исто така, важно е да живеам здрав живот, да не пушам, да не пијам. Си легнувам рано. Потребна е одредена жртва за да бидеш убав, тоа е неизбежно“, рече Ѓогани.



ФОТО: Инстаграм