Има 7 години и е чудо од дете: На 4 почнал да шие и сега е најмалиот успешен моден дизјанер (ВИДЕО)
Седумгодишниот Макс Александар е чудо од дете. Тој е моден дизјанер кој почнал со дизјанирање и шиење на 4- годишна возраст.
„Поминаа повеќе од три години откако Макс една вечер ни кажа дека сака да биде кројач. Имаше 4 години. Сите се смеевме. Потоа му зедовме кукла. Потоа тој сакаше да направи повеќе од сто фустани, да ја продаде својата работа на меѓународно ниво, да се прикажува на националната телевизија и да има шоу на модната недела. Те сакаме Макс“, стои во објавата за младиот моден дизјанер.
Неговата мајка, Шери Медисон е уметник па од картон му
направила модел кукла, на кој го изработил првиот фустан. Сега едно од неговите
парчиња може да се продаде за 1.200 долари, изјавило неговото семејството.
Со парите што ги заработува, тој купува материјали за облека. Неговата мајка Медисон изјавила дека Макс прави по еден фустан неделно.
Макс го сака секој дел од својата работа, тој дури и ги фотографира моделите и присутен е пред модните шоу во позадина.
Денес, Макс,има речиси 1 милион следбеници на Инстаграм, каде што ги документира своите модни креации: фустани со реси до под, наметки инспирирани од сирени и виножито пом-пом елеци. Тој работи на неговото второ модно шоу, а штотуку потпиша договор со агент.
Макс изработува облека за деца и возрасни. Тој вели дека
облеката не му е особено тешка за составување.
Малиот брат на Макс, Доријан, му е помошник кога работи. Тој ја нарекува својата мајка, која му помага да ги закачи неговите креации на почетокот на неговиот процес, „менаџер“.
Доријан, кој има 4 години, сака да научи како да шие како неговиот голем брат. „Не би дозволила ниту еден од нив да шие додека не наполнат 4 години“, изјавила Медисон.
Медисон рече дека иако стотици луѓе побарале фустани од Макс, таа му остава на Макс да одлучи за кого сака да направи креација.
Една негова пријателка од Сиднеј доби специјален фустан од Макс за нејзиниот роденден.
Медисон вели дека Макс ги следи своите инстинкти за тоа што да прави понатаму. Вели дека луѓето често ја гледаат неговата љубов кон шиењето и му испраќаат материјали и опрема. Можеби започна со еден картонски манекен, но сега има неколку професионални шивачки манекени.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб