Има причина за тоа: Принцот Хари и Меган нема повеќе да користат социјални мрежи

Неколку месеци откако ја информираа јавноста да го бојкотира Фејсбук, принцот Хари и Меган Маркл решија целосно да се откажат од користењето социјални мрежи, сето тоа поради прекумерниот говор на омраза на овие платформи.

Уште во октомври, војвотката од Сасекс Маркл рече дека веќе долго време не ги посетува социјалните мрежи. Таа објасни како се дистанцирала од овие платформи затоа што на тој начин сака да се заштити од сè што им се пласира.

"Јас сум загрижена за луѓето кои се опседнати со социјалните мрежи. Тоа е огромен дел од секојдневниот живот на луѓето, многумина се зависни", изјави Маркл, која во неколку наврати отворено зборуваше за сопствените негативни искуства поврзани со социјалните мрежи.

Двојката ја основаше компанијата Арчевел и истакнаа дека е малку веројатно дека оваа компанија ќе има сметка (account) на социјалните мрежи.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Војвотката во неволја: Полусестрата на Меган Маркл објавува книга во која ги открива сите тајни на семејството