Има три брака зад себе и нема деца: Приказната на вистинската Саманта Џонс, ѕвездата на „Сексот и градот“

Добивај вести на Viber

Иако се зборуваше дека нема да биде дел од новите епизоди на популарната серија „Сексот и градот“ т.е And just like that... познатата Саманта Џонс повторно ја видовме.

Ким Катрал ги шокирала сите со одлуката да се врати како Саманта Џонс во втората сезона од продолжението на серијата „Сексот и градот“, и покрај нејзината експлозивна расправија со ѕвездата Сара Џесика Паркер. 

Популарната актерка Ким Катрал позната по улогата на Саманта Џонс од „Сексот и градот“ е родена во Англија, но на една година со родителите се отселува во Канада каде го завршува средното образование. Потоа продолжува на Академија за музика и драмски уметности во Лондон, а образованието го продолжува во Њујорк на американската Академија за драмски уметности.

Катрал зад себе има три брака. Две години беше со Лари Дејвис, а седум години со Андре Лисон. Во тој период, таа живеела во Франкфурт, каде научила течно да го зборува германскиот јазик.  Третиот брак со Марк Левинсон траеше од 1998 до 2004 година. 

Иако зад себе има голем број филмски остварувања, сепак улогата на Саманта Џонс во „Сексот и градот“ буквално и ја одбележа целата кариера. Иако таа тврди дека во приватноста не води живот како ликот на Саманта, сепак таа е се уште инспирација за голем број млади девојки ширум светот, а особено популарна е нејзината реплика: „Те сакам, но се сакам себеси повеќе“. 

Иако било предвидено Сара Џесика Паркер, која ја глуми Кели Бредшо во серијата да биде носечки лик, сепак улогата на Катрал е незаменлива и без неа, ниту серијата, ниту филмовите немаше да бидат толку популарни. 

Покрај тоа што не ја крие својата сексуалност, Саманта Џонс во „Сексот и градот“ е претставена како успешна независна жена, која се изборува со ракот и успева да отвори своја ПР агенција. 

Ким Катрал смело чекори во седмата деценија, има свој став и знае како да се носи со славата и годините.


Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм